Тодоров: Од 2006 година до сега се инвестирани околу 200 милиони евра за капитални инвестиции во здравството

Во 2014 европскиот здравствен потрошувачки индекс, кој се смета за најрелевантен показател за функционирањето на здравствениoт систем во Европа, Република Македонија ја рангираше како 16.ти по квалитет здравствен систем во Европа, истакна Никола Тодоров, член на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната прес-конференција.Во продолжение следува интегралентекст од прес-конференцијата на Тодоров.
За само една година македонското здравство оствари напредок од 11 места, што се смета за најголем напредок откако постои ова европско рангирање – тоа значи од 27 место, Македонија е рангирана на 16 место во 2014 година. Станува збор за рангирање кое што е кредибилно за Европската Комисија и на чие претставување на годишните резултати присуствува и Еврокомесарот за здравство на Европската Унија.
Пред да презентирам што е направено во изминатиот период не можам, пред да го презентирам делот од отчетот за здравство неможам а да не потенцирам дека нема здравствен систем во светот што е ослободен од проблеми и предизвици. Не постои идеално здравство. Во тој контекст, сакам да истакнам дека сум свесен и знам дека и македонскиот здравствен систем не е идеален, има проблеми и има предизвици. Никогаш и никој од ВМРО-ДПМНЕ не ветил дека ќе ги решиме сите проблеми во здравството. Но, сме ветиле дека посветено ќе работиме и дека ќе се трудиме да решиме што е можно повеќе проблеми, особено оние кои сме ги ветиле во програмата. Иако сме на половина од мандатот што ни го дадоа граѓаните во 2014 година од вкупно 79 проекти кои сме ги ветиле на граѓаните имаме реализирано комплетно 41 проект и започнато или во тек на реализација 29 проекти односно 52% реализација, ако се земат во предвид само целосно реализираните, а ако е земат во предвид резлизираните и оние што се започнати проценто на реализација или се во тек е 88.6 %.
Дозволете денеска да се осврнам на неколку капитални проекти од областа на здравството, содржани во ова обемно издание, во Отчетот кој што е насловен како Отчетно проекти и мерки и дела за граѓаните и државата, ова е разликата.
После40 години залагање и зборување од многу министри и влади и после повеќе неуспешни обиди на нашите политички претходници, Владата на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата, ја основа првата Државна кардиохирургија во Македонија. Витален проект за македонското здравство. Клиниката е опремена со најсовремена опрема со која може да се вршат сите типови кардиохируршки процедури, а од неодамна на оваа Клиника покрај кардиохируршки се работат и васкуларни процедури. досега се изведени околу 230 операции.
Иако не ја ветивме, ја поставивме и почна успешно да функционира Детската кардиохирургија. Интервенциите се вршат со најреномирани доктори од САД кои повеќе пати годишно престојуваат во Република Македонија и Детската хирургија. Децата и бебињата се третирани според врвните светски стандарди во оваа област и што е најважно, услугата ја добиваат поблиску до местото на живеење. Значењето на овој проект е во бенефитот кој го чувствуваат најмладите и нивните родители и семејства.
Од 2006 година досега се инвестираат окулу 200 милиони евра за капитални инвестиции во здравството, односно набавка на нова медицинска опрема и изградба и реконструкција на јавни здравствени установи, а само во овој момент во тек се инвестиции од вкупно 42 милиони евра.
Го изградивме објектот на ПЕТ-Центарот. Најсложен здравствен објект изграден во историјата на Република Македонија, за кој е обезбедена најсовремена опрема. овој капителен објект чини окулу една милјарда денари. ПЕТ Центарот ќе овозможи примена на најсовремени методи за рано дијагностицирање на болести, нивно лекување, следење, како и следење на успешноста на терапијата. македонија е еднинствена која што има ваков центар на вакво ниво од Истамбул до Виена.
Изградивме комплетно нов објект на „Детска болница – Козле“, Скопје. Објект изграден од темел, според најновите светски стандарди во оваа област. Детската болница опфаќа простор околу 6.700 м2, со капацитет од 104 кревети, и исто толкав капацитет за сместување на родител како придружба на детето, нешто што досега го немаше.
После 50 години од изградбата комплетно ја реновиравме поликлиниката во Букурешт.
Само да потсетам дека во периодот пред 2014 година ги изградивме и пуштивме во употреба новата клиника за Гинекологија, болницата во Јасеново, комплетно ја реконструиравме Детската клиника, Градската општа болница 8ми септември и болницата во Охрид. Ова се капитални дела во функција на македонските пациенти.
Покрај здравствената инфраструктура, континуирано вложуваме и во набавка на нова најсовремена медицинска опрема со што се подигнува квалитетот на здравствените услуги низ државата. Само од 2014 година до денес во нова опрема се инвестирани нешто над 15 милиони евра. Значително поквалитетни и подостапни здравствени услуги за граѓаните низ целата држава се овозможени со набавката на нова медицинска опрема која се состои од апарати за компјутерска томографија, мамографи, дигитални рендген апарати, ЕХО-апарати, гинеколошки 4Д ЕХО-апарати, магнетна резонанца, дензитометри, ангиографи итн.
Како една од покрупните реформи во здравствениот систем, го воведовме и успешно функционира Националниот систем за електронски евиденции во здравството МОЈ ТЕРМИН, што претставува најголем централизиран и целосен online систем во државава и регионот. Важно е да се нагласи дека Мој Термин прерасна во многу повеќе од систем за закажување прегледи, Мој Термин е централизиран online систем кој овозможува во реално време добивање податоци за пациентите, докторите, здравствените услуги кои се исклучително значајни за градењето на здравствената политика во државата. Во таа насока, минатата година ја формиравме Управа за електронско здравство како посебен орган во состав на Министерството за здравство.За релативно краток период Мој Термин стана еден од најпознатите брендови во Македонија, имајќи предвид дека над 80% од граѓаните во Македонија на релевантните испитувања на јавното мислење изразиле силна поддршка и задоволство од функционирањето на овој систем. Сигурен сум дека веќе нема човек во Македонија кој лично или негов близок не го користеле овој систем и бенефитите од него.
Почитувани,
Покрај инфраструктурата и опремата, трет носечки столб на квалитетен здравствен систем е и едукацијата на медицинскиот персонал. Со проектот за едукација на медицинскиот кадар во реномирани медицински центри во странство, овозможивме за првпат на трошок на државата, организирано, докторите и останатиот кадар од Македонија да се едуцираат во врвни установи во САД, Европа, Австралија, Кина, и многу други земји. Од почетокот на проектот над 2200 здравствени работници се пратени на едукација во странство од кои 800 доктори и 200 медицински сестри само во последната 2015 година.
Дополнително, како уште една исклучително значајна мерка сакам да ја истакнам набавката на терапија за ретки болести на товар на државата, со што системски се решава проблемот на овие лица. Ова е голем чекор напред на Владата на Република Македонија, имајќи предвид дека претходно со Програма на Министерството се издвојуваа финансиски средства за само 3 лица чија терапија беше прилично скапа, а одреден дел од лицата набавуваа терапија од странство, самостојно или вопшто не земаа терапија и тоа сериозно го загрозуваше животот на оваа категорија на болни. Замислете само колку бил тежок животот на овие лица и нивните семејства.
Исто така, Фондот за здравствено осигурување воведе ин витро постапка на товар на Фондот,  проширено право за второ, трето и четврто дете, укината партиципација за постапката. Со ова е заокружен целосниот процес за бесплатно инвитро до 4 дете до трет неуспешен обид со 0 денари трошок.
Фондот за здравствено осигурување воведе 15 нови електронски услуги. Со истите Фондот над 90% од услугите ги направи достапни и по електронски пат и остварување на правата од здравствено осигурување по електронски пат. Електронското работење од својата канцеларија е наменето за компаниите и лекарите, а за осигурениците е овозможено поднесување на документи и остварување на право од својот дом преку компјутер.
Исто така, ја зголемивме капитацијата за матичните лекари и матичните стоматолози. Стоматолозите од 01 јануари добија зголемување од 14% односно капитацијата се зголеми од 35 на 40 ден. Матичните лекари од 01 јули ќе добијат покачување на бодот од 10%  и тоа за 5 денари, односно од 50 ден на 55ден. Зголемувањето на средствата опфаќа околу 2800 матични лекари и стоматолози.
Покрај овие проекти за одбележување е и воведувањето на поливалентните вакцини, бесплатните прегледи за трудници, бесплатниот мамографски скрининг, овозможувањето на сурогат мајчинството во Република Македонија, легализацијата на канабисот за медицински цели, овозможувањето на кофинансирани приватни специјализации и плата за тие приватни специјализанти кои ќе бидат примени на кофинансирана специјализација, зголемувањето на платите на лекарите, враќањето на над 200 лекари-специјалисти од приватно во јавно здравство, воведувањето на правила за хоспитална култура и заштита на пациентите и нивните права, намалувањето на цените на лековите, бројните реформи на здравствениот систем преку измените на законот за здравствена заштита, системското решение преку воведувањето на гарантиран договор со фондот и кофинансирана специјализација по гинекологија и педијатрија за матичните гинеколози и педијатри како дефицитарен кадар, признавањето на високото образование на сестрите, враќање на сестрите од приватно во јавно здравство, особено оние кои поради смрт или пензија на матичниот лекар останале без работа, трансформација на работниот однос на над 2000 волонтери, намалувањето на доенечката смртност за околу 30% во однос на смртноста што ни ја оставија нашите политички противници, набавуваме најнова и најсовремена медицинска опрема за дополнително намалување на доеничката смртност, сериозното зголемување на бројот на државни специјализации и уште многу други проекти и мерки кои што може да ги прочитате во Отчетот.
Ова се дела. Ова се решени проблеми. Сите овие проблеми постоеле во македонското здравство, а денес се решени. Знам, постојат денес нови, а некои од нив како доенечката смртност бараат уште многу работа и време.
Затоа, кога ќе не цените нас, кога ќе ги оценувате политичарите, оценувајте ги не врз основа на она што го зборуваат или она што го ветуваат, туку врз основа на она што го постигнале. Овој отчет и овие дела се нашата гаранција дека ќе го реализираме тоа што ќе Ви го ветиме.Во продолжение следува интегралентекст од прес-конференцијата на Тодоров.
За само една година македонското здравс

Пронајдете не на следниве мрежи: