Намалувањето на невработеноста е најголем успех на oвaa Влада и СДСМ тоа добро го знае. Нема друг рецепт за намалување на невработеноста од оној што го знаевме првиот ден. Отворени се работни места во секој град, вкупно 150 илјади, велат од ВМРО-ДПМНЕ.Во продолжение следува интегрален текст од соопштението на владејачката партија
И ова не беше ни најмалку лесно, но ние успеавме. Пред десет години пред нас имавме многу тешка задача. Се соочивме со рекорна невработеност од стапка од 38 проценти која ја остави токму СДСМ. Во екот на транзицијата 200 илјади луѓе останаа без работа и тие луѓе требаше повторно да создадеме услови да се вработат, но за тоа да го сториме требаше да се направи многу, требаше да се отворат нови фабрики, но и да се создадат подобри услови за работа со што и постоечките би можеле да ја зголемат својата работа, а со тоа да вработат нови луѓе.
Прво што направивме беше намалување на даноците. Воведовме најнизок рамен данок во Европа од 10% на данокот на добивка и персоналниот данок и истиот го задржавме во услови на најголема светска и европска криза.
Ги намаливме стапките за придонеси за пензиско и за здравствено осигурување; Се укина односно на 0% се сведе данокот на добивка за микро и мали бизниси со приход до 3 милиони денари. Ова даночно ослободување го користат над 37.000 мали и микро трговци годишно кои претходно плаќаа данок од 1% на остварениот вкупен приход (2011 година).
Во 2011 година на трговските друштва класифицирани како мали и микро трговци, чиј остварен приход во годината изнесува од 3-6 милиони денари, им се даде право на избор на моделот на оданочување. Тие можат да се определат да плаќаат данок на вкупен приход во висина од 1%, или пак да плаќаат данок на добивка по стапка од 10%.
Овозможивме ослободување на фирмите од обврската за плаќање данок на нераспределената добивка, со што се подобри нивната ликвидност и работење, а заштедите кои се остварија се проценети на 80-100 милиони евра на годишно ниво (односно околу 400 милиони евра за период од 6 години). Го задржавме данокот на добивка од 0% ако се реинвестира добивката. Понатаму во периодот 2006-2015 извршено е намалување на стапката на ДДВ од 18% на 5% на повеќе категории на производи и услуги со цел да се излезе во пресрет на барањата на фирмите за да се помогне нивното работење и на граѓаните за да се заштити животниот стандард.
Во периодот 2006-2015 неколкукратно се намалени царините на барање на бизнис-заедницата, со што се зголеми конкурентноста на фирмите. Денес фирмите плаќаат 40% пониски царини споредено со 2006 година, додека врз основа на укинати и намалени царински такси и надоместоци дополнително остваруваат заштеди во износ од над 10 милиони евра годишно.
Сите овие мерки им овозможија на фирмите да заштедат значителна сума на пари која ја реинвестираат во проширување на производството што доведе до пораст на вработеноста.
Дополнително за фирмите во време на кризата, но и по завршувањето на кризата, обезбедивме евтини кредитни линии од ЕИБ во вкупен износ од 350 милиони евра. Така во периодот од 2009 до 2015 година со субвенционирана камата од 5,5%, финансирани се 1.758 проекти и отворени се 6.940 работни места.
Ниските даноци пак ги мотивираа фирмите да ги плаќаат тие даноци така што се зголемија приливите од буџетот. Со тие пари што ги собравме во буџетот можевме да ги зголемиме капиталните инвестиции. Вкупно во овие 10 години 173 милијарди денари или приближно три милијадри евра е износот на капиталните инвестиции што од буџетот завршиле во инфраструктурни проекти. Тоа е огромна поддршка за домашното стопанство, пред се градежништвото, индустријата, за малото стопанство и слично и тоа даде поттик на растот што го остваривме во овој период. Капиталните инвестиции се значајни за да може да ја зголемите конкурентноста на нашата земја, но и за да може да привлечете нови инвестиции.
Ние како Влада преку успешната бизнис клима, ниските даноци, но и рекорно високите стапки на економски раст во услови на криза успеавме да донесеме околу 50 поголеми гринфилд инвестиции и стотици помали. И што е поважно овие компании се главно во производство и тоа во автомобилската индустрија, значи во индустрија што создава додадена вредност. И ова не беше лесно – требаше да одиме од земја во земја и преку низа разговори со многу труд успеавме да дојдеме до она што го имаме денес.
Само во странските компании кои се отворени во ТИРЗ имаме над 16 илјади вработувања, а со најновите најавени инвестиции во следниот период оваа бројка ќе се зголеми на над 34.000 директни вработувања.
Паралелно како Влада преземавме активни политики и мерки за вработување. Преку активните мерки и политики за вработување кои се спроведуваат преку АВРМ како што се програмите за самовработување, програмите за субвенционирано вработување, обуки за стекнување со потребни вештини кои се барани на пазарот на труд и практикантство за младите лица креирани се 34.660 нови работни места. Дополнително преку проектот „Македонија вработува“ кој започна во април 2015 година до почетокот на март 2016 година креирани се 14.600 работни места, заедно со мерката за вработување млади, бројката достигнува до 22.000-23.000 вработени лица.
Доказ дека одиме во вистински правец е најновиот податок на Државниот завод за статистика според кој Македонија во моментов има историски најниска стапка на невработеност од 24,6 проценти. Нашата цел е да стигнеме до 22 проценти и помалку и ние ќе правиме се за да успееме во тоа.
Нашите граѓани ни веруваат и понатаму ќе ни веруваат дека ќе успееме во тоа, бидејќи досегашните мерки и политики покажуваат дека оваа Влада на чело со ВМРО ДПМНЕ води грижа за граѓаните.Во продолжение следува интегрален текст од соопштението на владејачката партија
И ова не беше ни најмалку лесно,