Реакција на прес-конференција на СДСМ ОО Прилеп: СДСМ продолжува да одржува беспредметни прес-конференции

СДСМ продолжува да одржува беспредметни прес-конференции поради очајот и безидејноста во која се наоѓа поради стравот од соочување со народот. Човек едноставно да се запраша како си дозволува претседател на најголемата опозициска партија во Прилеп секоја недела да излегува на прес-конфереции и да чита исти текстови! Но, познавајќи го Велески и заканите што ги трпи во сопствената партија од „дечките со кваките“, знаејќи дека немаат што да им понудат на прилепчани принудени се да манипулираат и лажат. Прилепчани им веруваат на своите очи, а не на празните зборови на вашите прес-конференции. Во поседниве години Прилеп прерасна во најубавиот град во Македонија, спротивно на сликата за Прилеп кога СДСМ беше на власт. 
Ние уште еднаш ќе ви порачаме, ваша обврска како народни избраници е да учествувате во работата на Советот на Општина Прилеп и да не ги опструирате проектите кои се во интерес на прилепчани. Сите проекти кои сме ги ветиле во нашите изборни програми ние ќе ги реализираме, за што врочем редовно даваме отчет пред граѓаните. Затоа, уште еднаш ве повикуваме да излезете и вие со отчет пред граѓаните и да посочите барем еден проект кој сте го реализирале.
Г-дине Велески, граѓаните особено од Вас очекуваат отчет. Отчет за Микрон, уништената фабрика, отчет за избрканите луѓе на улица. Граѓаните очекуваат отчет од волонтерот Велески и за фантомската, како што знаете да кажете, депонија. Вие ли сте човекот кој најде да зборува за криминални избори, а сте дел од луѓето и партијата која ги  организира единствените изборни нерегуларности во Прилеп во 2005 година, кога со оружје во раце полневте кутии. Бранко Црвенкоски ги помилуваа овие силеџии, исто како што го спаси и Заев. Тоа прилепчани не го забораваат!
Програмата на СДСМ се лаги, манипулации и уривање на државата, спротивно на тоа ВМРО-ДПМНЕ како сериозна политичка партија на изборите излегува со програма со проекти за подобар живот и развој на Прилеп. Затоа, на 5-ти јуни ви следува уште еден пораз токму заради вашата деструктивна политика.
  
Ние уште еднаш ќе ви порачаме, ваша обврска како народни избраници е да учествувате во работата на Советот на Општина Прилеп и

Пронајдете не на следниве мрежи: