Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип го прославува патрониот празник. По деветти пат со повеќе свечени активности ќе се одбележи 27 март, денот кој го означува почетокот на една нова успешна приказна во високото образование во Република Македонија, реализирањето на идејата за Универзитет во Источна македонија, во Штип.
Во текот на оваа седмица на сите факултети во рамки на универзитетот се доделуваат дипломите на дипломираните студенти за прв и втор циклус на студии.
Во четврток, 24 март како дел од свеченостите по повод патронатот на УГД ќе се одржи Промоција на доктори на науки на УГД и Промоција на каталогот на изданија за 2015 година.
Централното одбележување е во петок, 25 март, кога ќе се одржи свечената седница на Сенатот на Универзитетот „Гоце Делчев“ со свечена програма и доделување на плакети и благодарници за соработници на УГД. На свечената седница обраќање ќе има заменик министерот за образование и наука г-н Спиро Ристовски и Ректорот на Универзитетот Проф. д-р Блажо Боев. Ќе бидат доделени и стипендиите на најдобрите студенти на УГД, а ќе продолжи и традицијата востановена минатата година, со промоција на почесни доктори на науки,
Profesor Honoris Causa, а годинава таа чест му припадна на Проф. д-р Јерг М. Елзенбах.
На свечената седница свое заслужено место имаат и најдобрите студенти кои дипломираа во изминатата година.
Одбележувањето на патрониот празник на УГД завршува во недела, 27 март со одржување на велосипедската трка „Со велосипед на факултет“ каде се поканети сите заинтересирани да земат учество и да дадат поттик за рамноправно учество на велосипедите во сообраќајот.
Во текот на оваа седмица на сите факултети во рамки на универзитетот се доделуваат дипломите на дипломираните&nb