Фантом е членот од секое семејство кој што Радмила Шеќеринска и СДСМ излажаа дека ќе го вработат

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на дадената изјава од страна на Дамјан Манчевски од СДСМ.- Фантом е членот од секое семејство кој што Радмила Шеќеринска и СДСМ излажаа дека ќе го вработат. Фантомска е пругата што СДСМ не ја изгради кон Бугарија. Фантомска е индустриската зона Сачево во Струмица во која нема ниту трага ниту глас од 3.000 вработувања во 300 капацитети кои ги вети Заев. Не се фантоми половината милион Македонци кои не ја поддржуваат политиката на деструкција, манипулација и фабрикување афери на СДСМ, единствената активност на оваа партија со години наназад.
Не се фантоми граѓаните кои на 9 изборни циклуси по ред му ја даваат поддршката на ВМРО-ДПМНЕ кое работи и реализира илјадници реални проекти во интерес на граѓаните. Не се фантоми граѓаните кои на 9 изборни циклуси по ред доставуваат сметка и казна за СДСМ затоа што освен деструктивните сценарија со кои се труди земјата да биде во континуирана криза, нема што да понуди пред граѓаните. Не се фантоми половината милион Македонци кои го казнуваат СДСМ затоа што СДСМ не им го признава правото на демократски глас, па ги нарекува „народот кој греши“, „стока“ и „стадо овци“.
Овие граѓани се вистински, за разлика од бројките кои манипулантите од фабриките на СДСМ ги вадат од ракав секој ден. СДСМ и на 2 милиони луѓе да им отиде на врата, 2 милиони пати ќе ја слушне вистината дека деструкцијата и манипулацијата на СДСМ веќе не проаѓаат кај никого. Никој не верува на лагите на СДСМ и нивните Фабрики за афери.
Нема да им успее последното сценарио со кое СДСМ сака повторно да бара алиби за бегање од избори, за одложување на изборите или за непризнавање на резултатите. На сите им се јасни лагите на СДСМ и измислиците и конструкциите кои оваа партија постојано ги прави. На сите им се јасни празните изговори и обиди на СДСМ по секоја цена да се саботира функционирањето на државата. На ова крајот му доаѓа на 5-ти јуни.- Фантом е членот од секое семејство кој што Радмила Шеќеринска и СДСМ излажаа дека ќе го вработат. Фантомска е пругата што СДСМ не ја изгради кон

Пронајдете не на следниве мрежи: