ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ продолжува со деструкција, закани, лаги и невистини

На 5 јуни, СДСМ ќе сфати дека во оваа држава има суверен народ, а не фантоми. на 5 јуни СДСМ ќе сфати дека тој народ одлучува за сопствената иднина, а не одлучуваат разни служби.-Тој народ ќе избере помеѓу проектите и програмата што ја нуди ВМРО ДПМНЕ и деструкцијата и аферите на СДСМ насочени токму против сопствениот народ. На 5 јуни вечерта на СДСМ ќе им ги испратиме сите соопштенија полни со клевети и невистини за да сфатат дека само тие и нивната деструктивна политика се единствената причина за најголемиот пораз кој ќе го доживеат. Ниедна манипулација нема да може да му помогне на СДСМ на 5 јуни да побегне од соочување со вољата на народот, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.-Тој народ ќе избере помеѓу проектите и програмата што ја нуди ВМРО ДПМНЕ и деструкцијата и аферите на СДСМ насочени токму против сопствениот народ

Пронајдете не на следниве мрежи: