ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ вршеше терор врз ДИК поради страв од избори

СДСМ со месеци претставува лажна слика во јавноста дека имало огромен број на таканаречени фантомски гласачи, еднаш велеа 30 илјади, друг пат 100 илјади, за да стигнат и до половина милион. Бројот често го менуваа како дел од нивната пропаганда и алиби за одложување на изборите. Фантомски гласачи ниту имало ниту пак ќе има, но сега дојде време да се расчистат работите.Реакција на владечајката партија поради однесувањето на опозициската СДСМ изминатиов период
-Во текот на вчерашниот ден СДСМ вршеше терор врз ДИК, користејќи ги сите средства и манипулации, во обид да издејствува што повисока бројка на граѓани да биде предмет на проверка да не случајно некој од нив се покаже како фантомски гласач. Обидот е всушност таканаречено меко приземјување. Од 500 илјади, колку што лажеа тие и нивните медиуми, нивната битка во текот на вчерашниот ден се сведе на обид барем да се проверат 150 или 160 илјади. Се со цел за да не биде одеднаш, од 500 илјади да паднат на 5000 проверки, па одлагањето на изборите на 24ти април да ја изгуби својата смисла, и да се види големата лага и манипулација што ја правеа веќе 2 години во земјата, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Тие појаснуваат дека проверката не значи дека некој е фантомски гласач или дека некој направил некоја неправилност. Проверката е едноставно само проверка.
-После неа СДСМ ќе ја има најтешката задача кога ќе се обелодени дека фантомски гласачи всушност воопшто немало. За да не го губиме времето во неродуктивни дебати, кавги, расправии, закани и малтретирање на граѓаните со разни дезинформации ВМРО-ДПМНЕ и порачува на СДСМ и на ДИК, не 150 или 160 илјади, туку 2 милиони и 150 и 160 илјади ако сакаат нека ги проверуваат. Најважно е да се видиме на избори. Проверувајте колку сакате, па се гледаме на избори. Колку повеќе ги проверувате и тормозите луѓето, толку повеќе и побрзо ќе разберат дека цело време ги манипулирате. Луѓе кои се чесни граѓани, со проверките ги сомничите за наводни фантоми, и нивниот одговор, како и одговорот на стотици илјади други, ќе го добиете на 5 јуни, велат од владејачката партија.Реакција на владечајката партија поради однесувањето на опозициската СДСМ изминатиов период
-Во текот на вчерашни

Пронајдете не на следниве мрежи: