ВМРО-ДПМНЕ: Продолжува срамната хајка и притисоци на СДСМ врз Уставниот суд

И после дебаклот на деструктивното сценарио на СДСМ во кое имаше закани за палење на судот и влечење за уши и тепање на судиите, продолжува срамната хајка и притисоци на СДСМ врз Уставниот суд, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.Интегрален текст од реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ
Така СДСМ се однесува со судовите кога нема тотална контрола врз нив. СДСМ сака да се врати времето кога за 10 минути промени 617 судии и стотина обвинители.
СДСМ уште еднаш го покажува тоталитарното лице и вистинскиот капацитет.
СДСМ сака да го приватизира судството во Македонија.
Затоа граѓаните го држат СДСМ далеку од власта.
СДСМ и нивниот несуден министер за надворешни работи Виктор Габер за партизација на судството треба да позборуваат со Уставниот судија Наташа Габер Дамјановска, сестра на Виктор Габер.
За партиските врски на СДСМ со судството може да реферира и десната рака на Катица Јанева, обвинителот Гаврил Бубевски кој е кумашин на Филип Медарски, адвокат на Зоран Заев, познат аболициран криминалец. Мајката на Филип, Елица Медарска е обвинител во Вишо Јавно Обвинителство во Скопје, а неговата сопруга Софија Медарска е судија во Основниот суд Скопје 2.
СДСМ вршеше притисок врз Уставниот суд и во 2009 година но тогаш сакаше да ги поништи измените во законот за помилување кои ги предложи ВМРО- ДПМНЕ и тврдеше дека истите се неуставни. Во 2009 година организацијата која нема сопствен став „СДСМ 2009“ беше категорично ПРОТИВ измените на законот за помилување кои ги предложи ВМРО- ДПМНЕ.
Денес организацијата која нема сопствен став „СДСМ 2016“ е ЗА измените во законот за помилување.
Единствената разлика меѓу СДСМ 2009 и СДСМ 2016 е што тогаш претседател на Македонија беше Бранко Црвенковски кој имаше моќ да аболицира криминалци како Зоран Заев. СДСМ најгрубо врши притисок врз Уставниот суд бидејќи лидерството на партијата нема капацитет за да признае дека губи на избори поради сопствената неспособност.
Затоа СДСМ го поларизира силно народот и го насочува кон рушење на институциите на државата и системот.
Од овој однос на СДСМ кон највисоката државна институција се срамат сите граѓани во Република Македонија.
Казната на СДСМ доаѓа на 5-ти jуни кога граѓаните ќе им пресудат, а пресудата ќе биде правосилна и извршна.Интегрален текст од реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ
Така СДСМ се однесува со судовите кога нема тотална контрола врз нив. СДСМ са

Пронајдете не на следниве мрежи: