ВМРО- ДПМНЕ: СДСМ продолжува со срамните притисоци и покажувањето среден прст кон Уставниот суд на Република Македонија

СДСМ продолжува со срамните притисоци и покажувањето среден прст кон Уставниот суд на Република Македонија.СДСМ продолжува со срамните притисоци и покажувањето среден прст кон Уставниот суд на Република Македонија.
СДСМ преку своите невладини експоненти се закани дека за уши надвор од судот ќе ги вади судиите во највисоката државна институција во државата доколку не подлегнат под притисоците на СДСМ.
СДСМ сака да се врати времето кога именуваше по 617 судии на ден. СДСМ сака тотална контрола врз судството. Затоа оваа партија нема апсолутно никаков кредибилитет да зборува за партизацијата во судството.
Дали е судството партизирано СДСМ и несудениот министер за надворешни на СДСМ Виктор Габер треба да ја прашаат уставниот судија Наташа Габер-Дамјановска.
СДСМ треба да го праша за поврзаноста на партиите и судството и Гаврил Бубески, десната рака на Катица Јанева и кумашин на Филип Медарски, кој пак е адвокат на аболицираниот криминалец Зоран Заев.
Познато е и дека сопругата на Филип Медарски, Софија Медарска е судија во Основниот суд  Скопје 2, а неговата мајка Елица Медарска е Јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство во Скопје.
За СДСМ добар суд е само тој кој ќе одлучува во нивна полза и кој нема да ги процесуира шефовите на СДСМ според законот кој важи за сите граѓани. За СДСМ добар суд е само тој во кој аболицираниот криминалец Зоран Заев ќе има привилегиран третман.
СДСМ вршеше притисок врз Уставниот суд и во 2009 година но тогаш за да ги поништи измените во законот за помилување кои ги предложи ВМРО-ДПМНЕ, а не СДСМ.
Во 2009 година здружението на граѓани кои немаат никаков сопствен став „СДСМ 2009“ беше категорично ПРОТИВ измените на законот за помилување. Денес здружението на граѓани кои немаат никаков сопствен став „СДСМ 2016“ е ЗА измените во законот за помилување.
Единствената разлика меѓу СДСМ 2009 и СДСМ 2016 е што тогаш претседател на Македонија беше Бранко Црвенковски кој имаше моќ да аболицира криминалци како Зоран Заев.
ВМРО-ДПМНЕ останува на истиот став околу Законот за помилување како и во 2009 година.
СДСМ е партија која го менува својот став во зависност од дневно партиските потреби, создавајќи кризи и организирајќи протести преку кои ќе им порачува на судиите дека ќе ги тегне за уши ако не се послушници на нарачките од Бихаќка.
Тоа е срамниот однос на СДСМ кон највисоката државна институција. Тоа е односот на СДСМ кон сите институции.
Само затоа што СДСМ не може да признае дека губи на избори поради сопствената неспособност, го поларизира силно народот и го насочува кон рушење на институциите на државата и системот.
За СДСМ полесно е да се рушат државните институции, отоколку да се признае сопствената некадарност и безидејност за фер политичка битка, која ја прикриваат  со деструкција и насилие  врз секој што не размислува по теркот на Бихаќка.
Казната на СДСМ доаѓа на 5 Јуни кога граѓаните ќе им пресудат, а пресудата ќе биде правосилна и извршна.
Со почит,Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕСДСМ продолжува со срамните притисоци и покажувањето среден прст кон Уставниот суд на Република Македонија.
СДСМ преку своите невладини екс

Пронајдете не на следниве мрежи: