ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ сака комплетна власт и влијание врз судството

Реакција на соопштението на СДСМ во врска со уставниот суд.
 СДСМ сака комплетна власт и влијание врз судството.
СДСМ мечтае за времето кога само во еден ден партијата по брза постапка избра 617 судии во Република Македонија.
За СДСМ добар суд е само тој кој ќе одлучува во нивна полза и кој нема да ги процесуира шефовите на СДСМ.
Уставниот судија Наташа Габер–Дамјановска е сестра на Виктор Габер, шефот на комисијата за надворешни работи во СДСМ.
Десната рака на Катица Јанева, обвинителот Гаврил Бубевски е кумашин на Филип Медарски, кој пак е адвокат на аболицираниот криминалец Зоран Заев. 
Сопругата на Филип Медарски, Софија Медарска е судија во Основниот суд Скопје 2, а неговата мајка Елица Медарска е Јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство во Скопје.
СДСМ продолжува со грубите и срамни притисоци врз Уставниот суд на Република Македонија. СДСм ги организира и своите невладини експоненти да им се закануваат на судиите со влечење за уши надвор од судот и да им покажуваат среден прст.
Тоа е истиот суд на кој СДСМ вршеше притисок и во 2009 година но тогаш за да ги поништи измените во законот за помилување предложени од ВМРО- ДПМНЕ.
Во 2009 година здружението на граѓани без сопствен став „СДСМ 2009“ беше ПРОТИВ измените на законот за помилување. Денес здружението на граѓани без сопствен став „СДСМ 2016“ е ЗА измените во законот за помилување.
Единствената разлика меѓу СДСМ 2009 и СДСМ 2016 е што тогаш претседател на Македонија беше Бранко Црвенковски кој го аболицираше криминалецот Зоран Заев.
ВМРО-ДПМНЕ останува на истиот став околу Законот за помилување како и во 2009 година.
СДСМ е партија која го менува својот став во зависност од дневно партиските потреби, создавајќи кризи и организирајќи протести преку кои ќе им порачува на судиите дека ќе ги тегне за уши ако не се послушници на нарачките од Бихаќка.
Тоа е срамниот однос на СДСМ кон највисоката државна институција. Тоа е односот на СДСМ кон сите институции. Само затоа што СДСМ не може да признае дека губи на избори поради сопствената неспособност, го поларизира силно народот и го насочува кон рушење на институциите на државата и системот.
За СДСМ полесно е да се рушат државните институции, отоколку да се признае сопствената некадарност и безидејност за фер политичка битка, која ја прикриваат со деструкција и насилие врз секој што не размислува по теркот на Бихаќка.
Казната на СДСМ доаѓа на 5 Јуни кога граѓаните ќе им пресудат, а пресудата ќе биде правосилна и извршна.СДСМ сака комплетна власт и влијание врз судството.
СДСМ мечтае за времето кога само во еден ден партијата по брза постапка избра 617

Пронајдете не на следниве мрежи: