ВМРО-ДПМНЕ: Пендаровски треба да соопшти дека единствените злоупотреби со избирачкиот список ги прави СДСМ

Даниела Рангелова од Брвеница и цела Брвеница му се смеат и на Стево Пендаровски, велат од ВМРО-ДПМНЕ.Реакција на изјавата на Стево Пендаровски
Пендаровски и СДСМ наместо да им се извинат на граѓаните за злоупотребата на нивните идентитети и за грубите лаги и измислици, продолжуваат со сценариото од фабриките за афери на СДСМ.
Пендаровски треба да соопшти дека единствените злоупотреби со избирачкиот список ги прави СДСМ. Единствено што е злоупотребено е туѓото право на приватност кое го направи СДСМ во безумната хајка низ избирачкиот список. Мирот и приватноста на Даниела Рангелова од Брвеница и цела Брвеница се жртви на очајот и паниката во СДСМ во пресрет на изборите.
СДСМ го обвини пратеникот Димитар Стевананџија дека на адресата на која живее се регистрирани 22 гласачи. Стевананџија појасни дека станува збор за станбена зграда стара 55 години со 2 влеза и 16 станови во кои живеат неговите соседи. Манипулацијата на медиумите финансирани од Сорос и СДСМ е во тоа што ги вадат сите лица кои живеат на адреса ул. „Борис Кидриќ“ бр 16, но не кажуваат за колку станови станува збор.
СДСМ го обвини и пратеникот Павле Саздов дека поседува куќа во Бутел и дека на таа адреса се регистрирани 15 гласачи. Саздов јавно соопшти дека куќа и стан во Република македонија не поседува, а на адресата на која што живее се регистрирани само тој и неговата сопруга што може да се види со обична проверка на избирачкиот список. Толку од аферите на СДСМ.
Толку од изговорите за поразите на избори. Во СДСМ се свесни дека им пропадна и последната манипулација со која се правдаа за изборните катастрофи кои им се случуваа и ќе им се случуваат. Очајот е оправдан. СДСМ треба да е во паника. Разликата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ не е 10, не е 100, не е ниту 1000 гласа.
Разликата е 200.000 гласа и само ќе се зголемува, паралелно со зголемувањето на паничното расположение во СДСМ. На петти јуни СДСМ со своите лаги и манипулации ќе се соочи со судот на граѓаните и ќе биде жестоко казнет.Реакција на изјавата на Стево Пендаровски
Пендаровски и СДСМ наместо да им се извинат на граѓаните за злоупотребата на нив

Пронајдете не на следниве мрежи: