Очајот и паниката во СДСМ пред изборите се видливи и од Месечината

Во пресрет на поразот кој им претстои на изборите на 5 јуни во СДСМ исклучени се рецепторите за резилење и максимално се ставаат во функција сите погони од Фабриката за афери на чело со Фокус по принципот „ако пројде – пројде“.Ама не им проаѓа.
Не им пројде бесрамната конструирана афера со личните карти и пасошите од тепихот на ценетиот во СДСМ Захир Бекири – Чауш со која ја замајуваја јавноста речиси две години. Не им пројде ниту бесрамната лага со личните карти која ја водеше технички назначениот чауш Оливер Спасовски и со која ја посрамоти Македонија на меѓународно поле.
Денес падна во вода и последниот изговор на СДСМ за поразите на минатите изборни циклуси. Денес падна лагата за непрочистениот избирачки список како причина за поразите на СДСМ.
Денес е јасно дека СДСМ преку соросовите медиумски мегафони уште еднаш се обиде да ја манипулира јавноста. Денес е јасно дека сите порази од минатото и сите кои ќе доаѓаат неизбежно во иднина за СДСМ се апсолутно заслужени.
Повторно егзекутор на фабрикациите и измислиците од Бихаќка беше „Фокус“ кој објави целосна невистина и конструкција дека пратеникот на ВМРО- ДПМНЕ Даниела Рангелова била пријавена на адреса во Брвеница на која се регистрирани уште 120 други гласачи.
Вистината која ја урива целата конструкција денес ја видоа сите граѓани на Македонија.
Даниела Рангелова од Брвеница е жена чиј единствен грев за кој ја злоупотребуваат медиумите на Сорос е тоа што има презиме Рангелова и што кумовите ја крстиле Даниела, исто како и пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Даниела Рангелова од Скопје.
Поради овој нејзин грев, СДСМ и соросовите медиуми Даниела Рангелова од Брвеница ја изложија на омаловажување и потсмев, прекршувајќи и' ги сите човекови права.
СДСМ со ваквите безумни хајки само го докажува дното кое без проблем го пробива како што наближуваат изборите. Лага до лага е СДСМ веќе долго време и тоа народот го гледа, им се чуди и им се смее.
Втората груба манипулација и потценување на граѓаните во овој случај е
тоа што СДСМ намерно лаже и премолчува дека во Брвеница нема систем на улици и адреси, па затоа жителите на Брвеница се регистрирани на една адреса.
Разликата во поддршката која што ја има ВМРО-ДПМНЕ во однос на СДСМ не е 10 гласа, не е ниту 100 гласа или пак 1000 гласа. Разликата е 200 000 гласа, а оваа разлика ќе се зголеми на 5 јуни и за тоа на СДСМ виновник нема да може да му биде никој друг освен деструкцијата и манипулацијата кои самиот СДСМ ги промовира како свои основни политики.
Со откривањето и на оваа последна афера на СДСМ пропадна и последниот бедем на нивните лажни изговори за изборните порази. СДСМ нема веќе ниту измислени алибија за убедливите порази кои се случија и кои претстојат. СДСМ секој ден добива илјадници секунди на национални медиуми и стотици написи по портали за да ги пласира ваквите бедни лаги и манипулации.
Ниту е до медиумите, ниту е до списокот. До СДСМ е.
СДСМ може да се лаже себеси дека друг му е виновен за поразите, но граѓаните не може да ги излаже. На 5-ти јуни казната од граѓаните за ваквото дејствување на СДСМ ќе биде жестока.
Ги повикуваме ДИК и МВР кои се најодговорни за избирачкиот процес да се погрижат за сите детали околу изборите вклучувајќи го и избирачкиот список. СДСМ ја има контролата во овие институции и не смее да се остава повеќе простор за алиби со кое СДСМ ќе бега од избори. Меѓународните претставници веќе се изјаснија дека има време за прочистување на списокот и не постојат причини за никакво одложување на изборите.Ама не им проаѓа.
Не им пројде бесрамната конструирана афера со личните карти и пасошите од тепихот на ценетиот во СДСМ Захир Бекири –

Пронајдете не на следниве мрежи: