Вчерашното одложување на изборите закажани на 24 април и утврдувањето на нов датум за изборно соочување на 5 јуни, беше повод претседателот на Граѓанската опција за Македонија Стевчо Јакимовски, да даде изјава за медиумите.Тој напомена дека вчера и официјално се потврдија црните прогнози на ГРОМ за Пржинскиот договор, кој очигледно се претвори во голема „пржинска измама“ на граѓаните на Република Македонија и тоа со учество на претставниците на меѓународната заедница во Македонија.
– Од 2 јуни минатата година, до 24 април, или период од 10,5 месеци, Државната изборна комисија не мрдна, ниту со мал прст во насока на прочистување на избирачкиот список. Затоа, во исто време, членовите на ДИК си слават Св. Валентајн, си одат на викенди и не работат попладне, безмилосно ги трошат народните пари, земаат плата од народот и лажат дека списокот не е прочистен, изјави Јакимовски.
ГРОМ како политичка партија е убедена дека на 7 април повторно ќе ја имаме вчерашната ситуација, кога СДСМ ќе одбива да учествува на избори, со изговори дека немало доволно време да се прочисти избирачкиот список, и дека медиумите не се регулирани. Повторно ќе се жалат и ќе плачат по амбасади и амбасадори. Амбасадорите и понатаму ќе вршат притисок за одложување на изборите закажани на 5 јуни, и се во недоглед, додека не успеат во намерата да инсталираат марионетска влада на СДСМ, која по затворањето на границите во Европа, ќе има задача да прими 500.000 бегалци и државата да ја претвори во огромен бегалски камп.
Заради овие наведени причини и предвидени безбедносни ризици ГРОМ предупредува: Чичаковски да не помислува да ги користи истите трикови од неговите претходници, и да си даде оставка, затоа што тогаш на СДСМ ќе му се случи народ – и тоа гневен народ.
-Македонското стопанство, институциите и народот повеќе не можат да ја издржат оваа голгота. Македонскиот народ и граѓаните на Република Македонија се во состојба да изберат ужас без крај, или ужасен крај. Одговорноста за таквиот ќорсокак ќе ја сноси СДСМ и ние како политичка партија немаме намера да учествуваме и да дозволиме такво разградување на државата, заклучи на крај првиот човек на ГРОМ Стевчо Јакимовски.Тој напомена дека вчера и официјално се потврдија црните прогнози на ГРОМ за Пржинскиот договор, кој очигледно се претвори во голема „пржинск