ВМРО-ДПМНЕ: Безидејноста доминира на Бихаќка

СДСМ иако нема ниту еден изграден објект оставен зад себе, има за што да зборува бидејќи ВМРО-ДПМНЕ работи и гради, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.Со работата на владата на ВМРО-ДПМНЕ се изградиja спортскиот центар „Борис Трајковски“, националната арена „Филип Втори“, стотици спортски сали и игралишта, се градат отворени и затворени базени и уште многу други објекти.
Се изгради и новиот театар во Скопје кој СДСМ го критикува само во соопштенија, а раководството на партијата ја користи секоја прилика да го посети и во него да организира некаков настан. Покрај овој театар, се изгради новиот театар во Велес. Веќе се гради нов театар во Струмица, ќе има нов театар во Охрид, ќе има нов Драмски. ВМРО-ДПМНЕ вложува во објектите од културата и тоа е видливо. Аргументирано, аналитички, транспарентно.
Нов е и објектот за Македонската филхармонија кој е во завршна фаза и во кој ќе има една сала од 1100 места и уште една со 300 места. Токму во вакви услови во кои цената на чинење на изведба на првично одбраното решение е повеќе од 4 пати повисока од цената на чинење на реконструкција на Универзалната сала, владата на ВМРО-ДПМНЕ бранејќи го најдобриот интерес на граѓаните реши дека во овој момент, со Филхармонија која ќе е готова наскоро, не треба да се даваат пари за нов објект на местото на Универзалната сала, туку таа темелно, од корен да се реконструира.
Проектот за „Јајцето“ е во сопственост на Министерството за култура согласно сите законски процедури. Тоа што СДСМ еднаш е против градење, друг пат е истовремено и за и против градење, водејќи ја својата политика само со обиди за приграбување ситни политички поени – е уште еден доказ за безидејноста која доминира на Бихаќка.
Додека ВМРО-ДПМНЕ гради и реализира, СДСМ само зборува за она што ВМРО-ДПМНЕ го прави. Секој во рамките на своите способности и можности. Граѓаните гледаат и ја носат конечната оценка. Затоа ВМРО-ДПМНЕ гордо може да застане пред сопствениот народ и да побара доверба, која и ја добива 9 пати по ред.
Затоа СДСМ се плаши од судот на народот и бега од избори. Но бегање нема. Ита незапирливо 10-тиот пораз по ред за СДСМ.Со работата на владата на ВМРО-ДПМНЕ се изградиja спортскиот центар „Борис Трајковски“, националната арена „Филип Втори“, с

Пронајдете не на следниве мрежи: