Ги прашуваме опозиционерите од СДСМ, зошто континуирано ги опструираат приватните инвестиции и економскиот развој на нашиот град?Реакција испратена од ВМРО-ДПМНЕ ОК Битола:
Иако и сами во своето соопштение кажуваат дека дозволата за експлоатација и договорот за концесија се издадени од надлежните институции во РМ согласно важечката законска регулатива, сакаме дополнително да ги информираме и дека локацијата за рудникот (не каменолом како што тие тврдат) е утврдена од страна на Министерството за економија по претходно добиено мислење од сите релевантни министерства, вклучително и Министерството за животна средина.
Исто така, вечно загрижените социјал-демократи, намерно или од незнаење пропуштија да кажат дека за споменатата локација е изготвена Студија за влијание врз животната средина. Дополнително, концесиониерот е обврзан да изврши ремедијација на самата локација односно да пошуми исто толкава површина колку што во текот на работата ќе експлоатира.
На крај, спротивно на намерите на СДСМ за манипулирање и ширење на паника, вистинската информација која јавноста треба да ја знае е дека покрај запазената законска регулатива за зачувување на животната средина, споменатата инвестиција ќе обезбеди најмалку нови 20 вработувања за градот.Реакција испратена од ВМРО-ДПМНЕ ОК Битола:
Иако и сами во своето соопштение кажуваат дека дозволата за експлоатација и до