Денес аболицираниот криминалец Зоран Заев уште еднаш потврди дека неговото „пусто срце“ е во агонија поради тоа што не успеа да ја отсече општината Пустец од Македонија .Прво изјави дека го молел Бога да има притвори, денес јавно соопшти дека не му се бендисувало што судот не определи притвор за Едмонд Темелко, и повика од притвор да се ослободат осомничените терористи за Диво Насеље.
Затоа Македонците од Пустец за кои Заев посакуваше притвор на Заев му порачаа:
„На приведувањето на Едмонд Темелко се радуваа сите душмани на македонскиот народ и бугарските фашисти и затоа ние го сметаме ова како едно антимакедонско дело“
„Со ослободителната одлука на судот сметаме дека правдата си го најде местото, исто така ги охрабруваме Македонците од Мала Преспа и Албанија дека ние докрај остануваме Македонци и ке се бориме за правата на Македонците во Албанија и во целиот свет“
„Ние сме Македонци и не сме против Македонците во Македонија, туку сме против некои што не знаат што прават заради парите го уништуваат македонскиот народ, го нарекуваат Албанците, а не Македонците. Не треба некој нас да не нарекува Албанци, како што не нарекуваат некои од СДСМ од Ресен, од Битола и други места“
Ова се зборовите на луѓето кои за Заев и СДСМ се непријатели и за кои Заев и СДСМ се молат на Бога да има притвор.
За прифаќање различности говори Заев, истиот човек кој новинарите ги дели на најголеми кафански пријатели и најголеми политички непријатели.
За Заев добри новинари се само оние кои ги води во кафеани и кои прават селфи со него. Нив не ги чести со неговиот раскошен речник кој му е резервиран само за новинарите кои не работат под диктат на СДСМ.
Новинарите кои немаат желба да седат на кафанска маса со Заев тој ги квалификува со следните зборови:
„Кога зборувате труе, ширите радијација, поголем изрод од вас не постои, вие сте злосторничка банда, политички непријатели, овие вести се ку*тон вести, вие сте криминалец, вие лажете, ова е лага како и сите лаги сите овие години, Латас е српски шпиун, единствена странска служба сте вие, труете од што лажете, болумента, алооо началниче…“
Ова е речник од кој се срами секој граѓанин на Македонија. Ова е скандалозен однос на човекот кој на избори ќе ја бара поддршката од народот. И кога нема да ја добие, тогаш и народот ќе му е непријател. Стока и стадо овци – така СДСМ го нарекува народот кој не им ја дава довербата.
Единствено што е јасно кога зборува Зоран Заев е дека никому ништо не му е јасно.
Наместо да зборува за коцки кои едноставно плутаат и се поклопуваат па прават мозаик, Заев треба да престане директно да работи на разнебитување на македонското ткиво во Албанија и на сатанизирањето на новинарите кои не му се послушници и кои не ги води во кафани.
Затоа рејтингот на Заев е светски рекордер во паѓање – 30% за само 4 месеци, односно од мизерни 7% на уште помизерни 5%. Народот гледа и знае кој работи во негов интерес, а кој спроведува деструктивно сценарио.
Затоа народот на 24 април по 10-ти пат по ред ќе му даде доверба на ВМРО-ДПМНЕ.Прво изјави дека го молел Бога да има притвори, денес јавно соопшти дека не му се бендисувало што судот не определи притвор за Едмонд Темелко,