ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ промовира Фабрики за афери, манипулации и измислени скандали

Владата на ВМРО-ДПМНЕ промовира проекти и реформи, нови фабрики и нови работни места. СДСМ промовира Фабрики за афери, манипулации и измислени скандали.Реакција на ВМРО-ДПМНЕ:
Владата на ВМРО-ДПМНЕ промовира проекти и реформи, нови фабрики и нови работни места. СДСМ промовира Фабрики за афери, манипулации и измислени скандали. ВМРО-ДПМНЕ се бори за стабилност, привлекување инвестиции и повисок стандард. СДСМ конструира кризи и тензии и се обидува да ја влече нашата земја кон дното.
СДСМ се обидува да наметне Закони за цензура и да го опструира единствениот излез од кризата која што ја наметна, а тоа се изборите на 24 април, на кои што само народот одлучува. СДСМ знае дека ако нема криза и ако нема конфликт, тогаш нема што СДСМ да им понуди на граѓаните. Затоа СДСМ се плаши од излегувањето на Македонија од кризата и затоа не сака да се соочи со граѓаните на 24 април. Жално е што СДСМ мисли дека кризата на целата држава е излез од состојбата во која се наоѓа СДСМ.
Од тие причини, Зоран Заев очајнички бара помош. Од тие причини тој најавува обвиненија, најавува притвори и се надева дека тоа ќе влијаело на изборната кампања како што изјави пред неговите сопартијци во Капиштец. Тоа што Зоран Заев не може да го разбере е дека ВМРО ДПМНЕ е поголемо и од неговите закани и од неговите криминогени деструктивни планови. Довербата за ВМРО-ДПМНЕ кај граѓаните е заслужена и е многу поголема од омразата која ја сеат Заев и неговите први соработници.
Со деструкција и со фабрикување афери не може да се освои довербата на граѓаните. Граѓаните знаат кој работи во нивна корист и тоа ќе го потврдат по десетти пат на 24 април, без разлика на атмосферата што се обидуваат да ја креираат СДСМ и медиумите под диктат на Бихаќка, без разлика на фабрикувањето афери, измислиците и подметнувањата.
Правдата и вистината на крајот секогаш ќе победат. Докажано, девет изборни циклуси наназад. Македонија мора и ќе оди напред – и тука нема запирање.Реакција на ВМРО-ДПМНЕ:
Владата на ВМРО-ДПМНЕ промовира проекти и реформи, нови фабрики и нови работни места. СДСМ промови

Пронајдете не на следниве мрежи: