ВМРО-ДПМНЕ: Од СДСМ по секоја нова анкета за јавното мислење реагираат се попанично

Од СДСМ по секоја нова анкета за јавното мислење реагираат се попанично. Тие не можат да се помират со фактот дека не им поминуваат манипулациите, лагите и деструктивната политика кај граѓаните.Во СДСМ очигледно живеат надвор од реалноста и веруваат во фикциите кои им ги прават нивните партиските институти и анализите на Ѓорги Спасов. Реалноста е: 36,8% рејтинг за ВМРО-ДПМНЕ, 15,7% рејтинг за СДСМ.
Во СДСМ водени од својата панична нервоза не бираат средства како да ги дискредитираат сите релевантни меѓународни рејтинг агенции. Но ако не им веруваат на нив и ако се убедени дека ја имаат поддршката на граѓаните ги повикуваме да се осмелат и да излезат на избори.
На изборите најдобро се мери волјата на народот, нешто од кое што СДСМ во очај бега како ѓавол од темјан.
На изборите во СДСМ многу добро и јасно ќе ја видат поддршката од граѓаните и сурово ќе се освестат од имагинарноста во која се длабоко заглавени.Во СДСМ очигледно живеат надвор од реалноста и веруваат во фикциите кои им ги прават нивните партиските институти и анализите на Ѓорги Спасов.

Пронајдете не на следниве мрежи: