ВМРО-ДПМНЕ: Реакција на заканата за тужба од Радмила Шекеринска

Радмила Шеќеринска е политичарот кој што го доживеа најголемиот пораз на изборите во историјата на Република Македонија.Радмила Шеќеринска е благослов за секоја партија на власт бидејќи нејзиниот политички капацитет гарантира дека опозицијата засекогаш ќе остане опозиција, додека Шеќеринска е во нејзиното раководство.
За жал, Радмила Шеќеринска е трагедија за државата бидејќи опозиција со ликови како Радмила Шеќеринска никогаш не може да биде соодветна алтернатива на власта.
Радмила Шеќеринска со нејзините очајни панични реакции покажува колку таа лично и нејзината партија го губат тлото под нозе.
Радмила Шеќеринска треба да одговори на целокупната јавност:
-колку има заработено таа и нејзиниот сопруг од кириите на становите кои самите себе си ги издаваат?
-во која држава пазарна цена за изнајмување стан е 5000 евра?
-како се чувствуваше на јахтата под грчко знаме на која што се забавуваа со нејзиниот сопруг летоска во Грција?
-зошто Радмила Шеќеринска за медиумите изјавуваше дека изградила луксузна вила во Маврово, а не ја пријавила во анкетниот лист?
-дали Радмила Шеќеринска се уште смета дека продажбата на ЕСМ е бонбона бизнис?
-зошто ги лажеше граѓаните дека таа и Црвенковски ќе вработат по еден од секое семејство?
-како планира да ја внесе Македонија во ЕУ и НАТО за шест месеци, кога единствен услов е промена на уставното име?
Без оглед на тоа дали Шеќеринска ќе му одговори на народот, народот има одговор за ваквите политичари. За 79 дена граѓаните на Република Македонија ќе им одговорат и на Шеќеринска и на СДСМ 10-ти пат по ред што мислат за неа и за нејзината партија.Радмила Шеќеринска е благослов за секоја партија на власт бидејќи нејзиниот политички капацитет гарантира дека опозицијата засекогаш ќе остане

Пронајдете не на следниве мрежи: