СДСМ и Кире Наумов продолжуваат со својот дилетантски однос кон државата

СДСМ и Кире Наумов прават се за да го спречат спроведувањето на законот за буџет.СДСМ и Кире Наумов не се заинтересирани за она што е добро за Македонија. Се грижат само за реализација на проектите како Фабриката за Афери на СДСМ, јувелирницата за бисери на Владо Димов, коњите на Фрчкоски, Факултетот за економија „Вице Заев“ и нивната провизија за Македонија.
СДСМ и Кире Наумов не сакаат да ги има новите автопати и стотици километри други патишта, субвенциите за земјоделците од преку 800 милиони евра, новите студентски домови, социјалните станови.
Наумов и СДСМ не сакаат пензионерите да земаат повисоки пензии, студентите стипендии, а вработените повисоки плати.
Наумов и СДСМ се против субвенционираниот градски превоз за студенти и пензионери, бидејќи СДСМ не се вози со автобус туку плови на титаник. Упорно и упорно работејќи директно против интересите на Македонија и македонскиот народ, СДСМ се надева дека токому така ќе извлече некој ситен политички поен.
Наместо тоа, со ваквите обиди за скандализирање на една најредовна процедура за финансирање на буџет во сите земји во светот, која е воведена токму од СДСМ, Наумов и СДСМ само си ја дозаковуваат шајката на сопствените политички гробови.
Никој кој работи против народот, кој не сака тој народ да користи стотици милиони евра вредна нова опрема во здравството и го нарекува народот „стока“ и „стадо овци“ како што тоа го прави СДСМ, не може да очекува поддршка од народот. Туку само казна од истиот тој народ.
Затоа во паниката и очајот пред 10-тото по ред убедливо губење на изборите на 24 април, Наумов и СДСМ директно се обидуваат да ја саботираат државата и нејзиното нормално функционирање и да создадат проблеми кои ги нема.
Буџетот на Република Македонија се носи во Собранието на Република Македонија со гласање од пратениците избрани од народот. Со попречување на реализација на Буџетот Кире Наумов го крши Законот за буџет. За ова Наумов ќе понесе одговорност.
Народот никогаш не простува антидржавно делување.
Затоа им е мизерен рејтингот. Затоа губат 9 пати по ред на избори. Затоа што за нив одговорната работа е можност за екскурзии и земање плата со ладење на монденски одморалишта наместо засукување ракави и работа за доброто на народот и државата.
Затоа што за нив е идеално да не ги признаваат изборите и да си земаат плата како пратеници, а земјата да тоне во криза поради нивната ароганција, дрскост и тотална неодговорност.
Затоа ќе катастрофираат на 24 април. Десетти пат по ред. Има уште само 80 дена до крајот на овој СДСМ.СДСМ и Кире Наумов не се заинтересирани за она што е добро за Македонија. Се грижат само за реализација на проектите како Фабриката за Афери на СДС

Пронајдете не на следниве мрежи: