ВМРО-ДПМНЕ: Добро е што Зоран Заев бил во Штип за да види како овој град напредува, наспроти неговата општина!

Зоран Заев и СДСМ го посетија градот кој најмногу настрада во време на нивната криминална приватизација. Токму во Штип беа наjсилно почуствувани последиците од транзицијата во која се затворија 684 фабрики, а над 200 000 луѓе беа оставени без работа.Интегрален текст од реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ по повод посетата на Зоран Заев во Штип:
Добро е што Зоран Заев бил во Штип, за да види како овој град напредува, наспроти неговата општина која се дави во комунални проблеми, инфраструктурни предизвици и најлошо од се со корупција.
Во Струмица единствена фабрика која е отворена е таа на Вицето каде што Зоран Заев и СДСМ ги перат криминалните пари. Уште една Фабрика за Афери и Фалсификати Заев отвории преку неговиот партиски пулен Закир Бекири Чаушот, а ако законот не го гони, тогаш може да отвори најмалку уште десетина такви. За тоа Зоран Заев има знаење, пари, а богами и пријатели со дебело криминално досие. Зоран Заев од лупање во гради можеби направил и модрици, ама не успеал да ги убеди ниту своите членови во своите лаги и манипулации.
Колку да го потсетиме Заев во Штип се реконструирани и изградени десетици локални патишта, нови сообраќајни делници, водоводни и канализациони мрежи, фекални канализациони линии, уредените тротоари, над 20 креирани паркови површини и илјадници садници низ целиот град.
Веројатно Заев поминувајќи покрај Штип ја видел и изградената ТИРЗ во која постојат ФАБРИКИ. Се надеваме дека Заев сватил како треба да изгледа една ваква зона, а не неговата ветена и никогаш не прежалена зона во Сачево која наликува единствено на празна ливада.
Во Штип исто така е изградена Нова 400/110-киловолтна трафостаница со која е завршен проектот за интерконективно 400-киловолтно далноводно поврзување меѓу Македонија и Бугарија;
-Во завршна фаза е проектот за изградба на приоритетната делница од проектот „Гасификација на Република Македонија“ Клечовце-Штип-Неготино
-Oтворен е Униерзитетот „Гоце Делчев“ во Штип
-Изградени се две социјални згради за ранливи семејства во населбата Сењак
-Во Клиничката болница во Штип набавена е опрема: компјутеризирана томографија, магнетна резонанца 1.5 Т, литотрипор, ангиограф, коскен дензитометар, кардиолошки ехо-апарати, гинеколошки 4Д ехо апарати, инкубатор итн.
-Нов дијагностички центар во Штип
-Современа офтамолошка опрема за Клиниката за очни болести.
Зоран Заев пати од пустата желба да стане премиер. Граѓаните во Македонија, вклучително и во Штип, тоа никогаш нема да му дозволат, бидејќи гледаат дека тој нема капацитет ниту за градоначалник. Токму затоа и Штип и Струмица и цела Македонија на 24 април ќе го казнат за неговата деструктивна политика полна со лаги и манипулации.
Суровата казна за СДСМ и Заев незапирливо се ближи. Времето за Заев истекува и остануваат уште само 80 дена до десетиот јубилеен пораз.Интегрален текст од реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ по повод посетата на Зоран Заев во Штип:
Добро е што Зоран Заев бил во Штип,

Пронајдете не на следниве мрежи: