Груевски се сретна со Заменик генералниот секретар на Европската Народна Партија, Кристијан Кремер

Денеска Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски се сретна со Заменик генералниот секретар на Европската Народна Партија (ЕПП), Кристијан Кремер, кој доаѓа од редовите на ЦДУ од Германија.На средбата беше разговарано за имплементацијата на Договорот од Пржино и во насока на надминување на политичката криза, како и евро- атланските интеграции на Република Македонија.
Претседателот Никола Груевски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ ги исполни своите обврски од Договорот од Пржино и дека партијата ќе продолжи со целосна посветеност да се спроведат сите обврски кои што произлегуваат од овој договор, вклучувајќи го и одржувањето на веќе договорениот датум за изборите на 24 април 2016 година.
Груевски исто така додаде дека Законот за избори, каде што експлицитно се наведува 24 април 2016 како датум на одржување на изборите, е закон кој што беше изгласан едногласно во Собранието на Република Македонија, вклучувајќи ги и пратениците на СДСМ.
За време на средбата Заменик генералниот секретар на ЕПП, Кремер, нагласи дека сите политички партии да се придржуваат до Договорот од Пржино, како и да направат се што е во нивна моќ за претстојните парламентарни избори да се одржат во најдобар ред, согласно сите меѓународни препораки и стандарди.
Воедно на средбата стана збор за мигрантската криза и за предизвиците со кои се соочува Република Македонија. Кристијан Кремер во текот на вчерашниот ден оствари посета на јужната граница и на мигрансткиот камп во Гевгелија и искажа пофални зборови за напорите на Македонија за справување со истата.
Неопходно и важно е земјата да го затвори ова поглавје на оваа политичка криза, а тоа може да го направи само силна Влада која ќе се соочи со различните предизвици, како мигрантската криза и ќе работи на евро-атлантските интеграции.
Посетата е во организација на фондацијата Конрад Аденауер Стифтинг од Германија, која што е блиска до германската партија ЦДУ.На средбата беше разговарано за имплементацијата на Договорот од Пржино и во насока на надминување на политичката криза, како и евро- атл

Пронајдете не на следниве мрежи: