ВМРО-ДПМНЕ му дава целосна подршка на Претседателот на партијата Никола Груевски во постапките и чекорите

Интегрален текст од изјава на Илија Димовски, член на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ за медиуми и одговор на новинарски прашања.Донесовме три заклучоци.
Првот заклучок е дека Централниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ му дава целосна подршка на Претседателот на партијата Никола Груевски во постапките и чекорите кои ги превзема за одржување на предвремените парламентарни избори на 24 април 2016 година. Втора работа, Централниот Комитет на ВМРО-ДПМЕН донесе едногласна одлука за кандидат за Премиер на Република Македонија со кој што ќе настапие на предвремените парламентарни избори да биде Никола Груевски. А за кандидат за Премиер на Владата која што е задолжена да ги спроведе овие предвремени избори ќе биде Генералниот секретар на партијата господинот Емил Димитриев. Станува збор за сериозен и одговрое човек кој што својот професионален ангажман досега го има докажано на повеќе позиции и цениме дека целосно и одговорно ќе ја обвува оваа функција на премиер на Владата која што ќе спроведе предвремени парламентарни избори.
Нашата намера е да го затвориме овој деструктивен и негативен период во развојот на Република Македонија и со одржување на предвремените парламентарни избори да се сконцентрираме на работите кои што граѓаните ги очекуваат од нас, на работите на кои што граѓаните даваат подршка, на отворње на нови работни места на отворање на нови фабрики на нови странски инвестиции, продолжување со интензивната инфраструктурна обнова и изградба на Република Македонија, едноставно да го затвориме овој период и да погледнеме кон иднината.
Одговор на новинарски прашања
Прашање: Дали оставката на Премиерот може да се смета за условена бидејќи тој рече дека утре писмено ја поднесува а ќе биде ефектуирана сто дена пред изборите?
Илија Димовски: Значи во согласност со законите кои што едногласно ги донесе Собранието на Република Македонија, Премиерот на актуелната Влада поднесува оставка сто дена пред оддржување на предвремените избори. Тоа е законски рок кој што е прифатен од страна на сите политички партии и ние се надеваме дека нема да имаме никакви проблеми во насока на реализација и исполнување на законските одредби кои што Собранието пред неколку месеци едногласно ги донесе.
Прашање: Промени во Датумите нема да има?
Илија Димовски: Да апсолутно, поради тоа што тоа е усогласено и е изгласано како дел од законодавството на Република Македонија.
Прашање: Има ли шанси да не бидат на 24 изборите?
Илија Димовски: Ние сме навикнати од СДСМ, на дневна база да ги менуваат своите ставови, а не на подолго. Мислам дека и они ќе разберат дека огромното мнозинство на граѓани на Република Македонија очекуваат да заврши овој негативен период во развојот на Република Македонија и граѓаните очекуваат политичките партии да се занимаваат со конструктивна политика која што како што реков ќе значи отварање на нови работни места, ќе значи изградба на инфраструктурата, подобрување на животниот стандард и тековно решавање на сите проблеми со кои што се соочуваат граѓаните. Тие не очекуваат партиите со своите одлуки да ги запазат своите партиски интереси туку интересите на граѓаните, затоа се надевам и се надеваме како партија дека ќе преовлада разумот во СДСМ и дека ќе прифатат да ги реализираат сите обврски кои што веќе ги прифатиле, односно кои се дел во договорите во јуни и во јули, но и кои се дел од законите во Република Македонија. Затоа останува да видиме следните неколку дена како ќе се развива ситуацијата, но ние целосно сме посветени на целосна реализација на договорите кои што треба да завршат со оддржување на предвремените парламентарни избори на 24 април. Од тука натаму со нов мандат, со нова енергија, со нова сила, и ново избраното собрание и ново избраната влада треба да се посветат и ќе се посветат на приоритетите кои што се приоритети на граѓаните.Донесовме три заклучоци.
Првот заклучок е дека Централниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ му дава целосна подршка на Претседателот на партијата

Пронајдете не на следниве мрежи: