Реакција од ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ во врска со листата на должници на УЈП

СДСМ продолжува со редовното покажување несериозност на сериозни теми.СДСМ продолжува да демонстрира елементарно непознавање на економијата.
СДСМ смета дека државата не треба да собира даноци.
Во времето на СДСМ никој не знаеше кој се не плаќа данок.
За разлика од штетните политики на СДСМ, оваа влада го воведе транспарентното објавување на должниците со што јасно се покажува дека нема толеранција за никого и дека обврските кон државата мора да ги регулираат сите.
За разлика од времето на СДСМ кога не се знаеше кој е милионски должник, сега се знае и се креираат политики за да се намалуваат долговите наталожени во многу години.
Сопствениците на бизниси се многу задоволни од објавените листи бидејќи така знаат кои фирми имаат бонитет и со кои фирми може да соработуваат.
Ниските даноци кои ги воведе оваа влада се од корист на сите бизниси.
Неплаќачите секогаш се со месеци порано и повеќекратно предупредувани дека доколку во одреден рок не ги исполнат своите обврски, ќе биде спроведена крајната мерка и блокирање на сметките.
СДСМ може да манипулира и да тврди дека тие би ги укинале сите даноци, дека никој нема да треба да плаќа данок и дека државата парите ќе ги наоѓа на дрво или во милионските кредити кои СДСМ ги користеше строго за лични цели и со нула инвестиции во Република Македонија.
За ваквите манипулации СДСМ има уште само 102 дена. На 24 април доаѓа казната на избори. Народот десетти рекорден пат по ред ќе ги потсети СДСМ дека со лаги и манипулации не се доаѓа на власт.СДСМ продолжува да демонстрира елементарно непознавање на економијата.
СДСМ смета дека државата не треба да собира даноци.
Во

Пронајдете не на следниве мрежи: