СДСМ продолжува со бескрајното лицемерие кон здравствените работници. СДСМ е партијата која доделуваше мизерни 30 специјализации во 2004 година.СДСМ не водеше сметка да има што поголем број на специјализанти, а сега на СДСМ му пречат новите специјализанти кои ќе бидат кофинансирани од државата. На СДСМ му пречи тоа што денес се доделуваат 308 специјализации и 75 суб-специјализации само по огласот на Медицинскиот факултет во Скопје. 15 пати повеќе отколку специјализациите кои ги доделуваше СДСМ.
СДСМ е партијата на која денес и пречи тоа што грижата за подобрување на статусот на младите лекари е реална, а не лицемерна и измислена како во соопштенијата на СДСМ. Денес и Асоцијацијата на млади доктори го искажа своето задоволство од измените на Законот за здравствена заштита.
Зошто СДСМ е против подобрување на квалитетот на македонското здравство? Зошто СДСМ не ги осуди нападите со огнено оружје врз здравствените работници и дури и ги охрабри? Ова се прашања кои заслужуваат одговор.
СДСМ одговорот го нема бидејќи бројките како и секогаш до сега не се на страната на СДСМ. Одговорот ќе го даде народот на 24 април, десетти пат по ред. За 138 дена доаѓа крајот за ваквиот СДСМ, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.СДСМ не водеше сметка да има што поголем број на специјализанти, а сега на СДСМ му пречат новите специјализанти кои ќе бидат кофинансирани од држав