СДСМ сѐ уште молчи за срамниот однос кој го има кон здравствените работници.СДСМ ги охрабруваше оние кои пукаа по здравствените работници. Сега на СДСМ му пречат новите специјализанти кои ќе бидат кофинансирани од државата. СДСМ е против подобрувањето на статусот на младите лекари, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
СДСМ во 2004 доделуваше вкупно 30 специјализации, а сега е против 308 специјализации и 75 суб-специјализации само по огласот на Медицинскиот факултет во Скопје кои се доделуваат во 2015 година.
Зошто СДСМ е против подобрувањето на квалитетот на македонското здравство? Зошто на СДСМ му пречи тоа што Македонија има 15 пати повеќе лекари-специјалисти отколку во 2004 година? Ова се прашања кои заслужуваат одговор.
СДСМ како и обично нема одговор.
Затоа одговорот ќе го даде народот на 24 април, десетти пат по ред. За 138 дена доаѓа крајот за ваквиот СДСМ.СДСМ ги охрабруваше оние кои пукаа по здравствените работници. Сега на СДСМ му пречат новите специјализанти кои ќе бидат кофинансирани од државата.