Љупчо Николовски е како Колумбо – СДСМ конечно ги откри земјоделците

СДСМ конечно дозна дека во Република Македонија постојат луѓе кои се занимаваат со земјоделие и на кои им треба државна помош која ВМРО-ДПМНЕ им ја дава.СДСМ конечно дозна дека додека тие беа на власт и се занимаваа со своите бомбона бизниси, овие луѓе остаруваа на нивите заборавени од државата.
Земјоделците за СДСМ не беа живи, не постоеа, не фигурираа никаде во нивните програми, буџети и реторика.
Одеднаш СДСМ стана голема земјоделска партија. 9 години откако ВМРО-ДПМНЕ започна да им исплаќа субвенции на земјоделците, почнувајќи со 20 милиони евра во 2006 до 140 милиони во 2014.
Досега во изминативе 9 години на земјоделците им се исплатени речиси 800 милиони евра субвенции благодарение на политиките на ВМРО-ДПМНЕ.
Сега и СДСМ ги сака земјоделците и сака да им го ветува она што ВМРО-ДПМНЕ го исполнува. И не само тоа – од нула интерес за земјоделие и нула субвенции во историјата на СДСМ, сега СДСМ лицемерно ветува уште повисоки виртуелни субвенции од овие кои ги исплаќа владата на ВМРО-ДПМНЕ.
Да не беше тажно, ќе беше смешно.
Но на СДСМ нема да му биде смешно на 24 април. Дотогаш Љупчо Николовски нека продолжи да го требе оризот. 
За 139 дена ќе дојде крајот на неговите колумбовски експедиции и СДСМ нема да мора да се мачи и да лаже дека се грижи за земјоделците, туку ќе може да продолжи да си биде партија за која овие луѓе не постојат. 
Секако за нив ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи ја води грижата и по 24 април.СДСМ конечно дозна дека додека тие беа на власт и се занимаваа со своите бомбона бизниси, овие луѓе остаруваа на нивите заборавени од државата

Пронајдете не на следниве мрежи: