Организацијата за заштита на потрошувачи во Германија во неколку видови чоколатца, меѓу кои се и оние на Киндер Риегел, пронашла канцерогени супстанци и бара нивно повлекување од полиците во продавниците.Тестирањето кое во Германија го спровела организацијата за заштита на потрошувачи Фудвоч покажало дека Киндер чоколадите и уште други два бренда се позитивни на канцерогени супстанци.
Поточно, се работи за производот Ферер на Киндер Риегел, Fioretto Nougat Minis и Sun Rice Classic Schokohappen кои се контаминирани со таканаречени ароматски минерални масла и заситени минерални масла.
Затоа Фудвач бара да се повлечат овие производи од продажба.
„Производителите се одговорни за големото занемарување. Наместо да го повлечат производот од полици и да ги предупредат купувачите, тврдат дека се е легално“, изјавил Џон Хег од Фудвоч.
Во Фудвоч тестирале повеќе од
Различни видови чипс, грицки и чоколада и пронашле спорно масло кое може да предизвика долгорочна штета и да биде ризично кога се работи за мали деца.
„не постојат прифатливи нивоа на минерални масла кои можат да се наоѓаат во храната и да се конзумираат“, изјавил Хег.
Киндер Риегел, кој е еден од најпродаваните чоколадни брендови во Германија, имал најлоши резултати на испитувањето.Тестирањето кое во Германија го спровела организацијата за заштита на потрошувачи Фудвоч покажало дека Киндер чоколадите и уште други&n