Исхраната влијае на се, од нивото на енергија, па се до превенција на болести и ослободување од стресот. Изборот на храната исто така може да го поттикне или попречи спиењето.За жал, многу истражувања покажале дека луѓето што страдаат од несоница, јаделе висококалорична и нездрава храна. За да го прекинете овој круг, треба да ги промените навиките на јадење од утро па до вечер. Неколку мали оброци во текот на денот се препорачливи за добар сон, а јадењето на голем оброк пред спиење може сериозно да го наруши циклусот на спиење на вашето тело.
Одредени витамини и минерали се поврзани со релаксацијата и сонот. На пример, витаминот Б, калциумот, цинкот и железото се корисни за добриот сон, и затоа треба да барате храна што ги содржи овие состојки. Корисни се и потасиумот, магнезиумот и Д витаминот. Триптофанот, аминокиселина што прави да ни се спие е исто така од голема корист, а посебно кога се комбинира со јаглените хидрати.
Но, постојат и состојки што треба да ги избегнувате ако сакате да се одморите. Кофеинот, алкохолот и никотинот содржат вакви состојки, и можат да ви влијаат на сонот дури и ако сте ги консумирале неколку часа пред спиењето. Исто така, и зачинетата храна може да причини неудобности. Храната богата со сол исто така го има овој ефект, бидејќи го зголемува крвниот притисок и предизвикува дехидратација.
Исто така, важно е и да обрнувате внимание на потребите на вашето тело. Луѓето што страдаат од проблеми со цревата предизвикани од нетолеранција на глутен мора да ги избегнуваат јадењата што ја содржат оваа состојка, а особено навечер. Ќе морате да научите да го слушате телото, и она што тоа го бара од вас, за да се чувствувате мирно и релаксирано. За почеток, еве неколку јадења што можат да ви помогнат да имате поубав сон.
-Цреши: Изедете неколку цреши или пак сок од цреши пред спиење, и многу набрзо ќе паднете во сон. Истражувачите откриле дека пиењето на сок од цреши пред спиење е поефикасно и од земање на суплементи што содржат мелатонин.
-Млеко: Чаша топло млеко пред спиење се смета за најдобриот лек за сон. Калциумот го поттикнува релаксирањето и го смирува нервниот систем, па затоа пред спиење напијте се чаша млеко, или пак, алтернатива на млекото што содржи калциум во случај да не користите млечни производи.
-Риба:Истражувачите ја препорачуваат рибата бидејќи омега-3 масните киселини во рибите можат да го зголемат лачењето на мелатонинот на мозокот. Присуството на витаминот Б6 кај рибите исто така е од огромна корист. За добар сон се препорачува јадење риба барем два пати неделно.
-Банани: Одличен промотор на сонот, како и изобилство на магнезиумот и потасиумот, кои служат како природни опуштачи на мускулите. Внесувањето на банани пред спиење може да се направи и со смуди, како и дополнување на кашата од овес и млеко. Бананите исто така содржат витамин Б6.
-Школки: Школките содржат „сонлива“ комбинација од цинк, железо, магнезиум и витаминот Б11. Тие се најдобар извор на магнезиум и цинк од сите видови храна. Една чинија школки содржи 20% од дневниот препорачан внес на магнезиум и над 1000% од дневниот препорачан внес на цинк.
-Хербален чај: Смирувачкиот ритуал на пиење шолја чај и самиот по себе е релаксирачки. Освен тоа, чајот од камилица се смета за благ седатив, бидејќи ја поттикнува релаксацијата и не ослободува од стресот. Некои истражувања потврдиле и дека чајот од билката Валеријана исто така го поттикнува сонот, и го подобрува квалитетот на сонот.За жал, многу истражувања покажале дека луѓето што страдаат од несоница, јаделе висококалорична и нездрава храна. За да го прекинете овој круг, тре



