Кифозата како голем проблем на денешницата и нејзиното лекување

Кифозата е подгрбавеност на ’рбетниот столб. Предизвикана е од неправилно седење или држење.Кифозите  во периодот на адолесценција најчесто се појавуваат како резултат на одредени нарушувања во растот. Кај повозрасната популација, најчеста причина за појава на кифоза е остеопорозата. Кифозите може да бидат и вродени, може да се појават како резултат на траума или како последица на хируршка интервенција.
Дијагноза
Најчесто пациентите се јавуваат на лекар откако ќе ја забележат карактеристичната искривеност на грбот. Она што е важно да го знае вашиот лекар е вашата семејна историја на болеста, кога за првпат го забележавте искривувањето, дали имате болка во грбот или некој друг проблем. Од дијагностичките процедури, лекарот ќе побара рендген снимка, магнетна резонанца, компјутерска томографија , за да се видат специфичните кривини на ’рбетот, невролошки испитувања за да се види дали постои притисок на некој од ’рбетните нерви.
Третман
Првиот чекор вклучува вежби, земање лекови, носење специјални протези со кои се намалува болката, физиотерапија. Доколку причина за кифозата е остеопороза, тогаш треба да се контролира со цел да се забави процесот на искривување на ’рбетот.
Кифозата се третира хируршки доколку болката е силна, а искривувањето на ’рбетот е сè поинтензивно и прави оштетувања на ’рбетниот мозок. Хирургијата е единствена опција за успешна корекција на деформитетот. Доколку кифозата се забележи во периодот на раст, намалување на прогресијата на искривување може да се постигне со протеза.Кифозите  во периодот на адолесценција најчесто се појавуваат како резултат на одредени нарушувања во растот. Кај повозрасната популација, нај

Пронајдете не на следниве мрежи: