Ејприл Кејси е самохрана мајка на две момчиња, 14 месеци стариот Итан и 4 години стариот Скајлар, која се бори да ги покрие сите животни трошоци. За да заработи пари за храна, сметки и пелени, ги зела сите детски играчки, ги ставила во кутија и излегла на улица за да ги продаде на случајни минувачи. Меѓутоа, тогаш налета полицијата.„Јас немам ништо, а мора да најдам пари за да ги покријам торшоците за живот. Се наоѓаме во многу тешка ситуација, а никој не сака да нѝ помогне“ – изјавила Ејприл за локалната ТВ станица.
Од очај, таа ги зела играчките на децата и излегла на крстосница со намера да ги продаде. Како што тоа е забрането во САД, се изложила на можноста да биде уапсена. Меѓутоа, имала среќа, бидејќи ја забележал полицаецот Џеф Тарнеј, којшто одлучил да ѝ помогне.
„Ја здогледав Ејприл со децата и играчките. Ѝ реков дека е премногу опасно да стои до децата толку близу до улицата“ – се присетил Џеф.
Во разговорот со Ејприл, тој дознал дека играчките ги продава поради исклучително тешката финансиска ситуација откако доживеала низа напади на работа, поради што завршила на лекар. Ѝ било кажано дека не може да работи додека не ги стави нападите под конторла, па така ја изгубила работата која била едниствениот нејзин извор за приход.
„Му реков дека ми требаат пелени, а тој предложи да одиме сите заедно во продавница и да земеме сѐ што нѝ треба“ – вели Ејприл.
Полицаецот ја однел самохраната мајка и нејзините синови во продавница. Сѐ платил со свои пари.
„Не купи ништо за себе. Само работи што им се потребни на децата. Морав да ја натерам да се врати во продавницата и да купи храна за себе“ – истакнал Џеф, којшто на децата им дал детски полициски значки и прегратка.
„Тоа што полицаецот Тарнеј го направи за мене, ќе го паметам цел живот. Неизмерно сум му благодарна“ – изјавила самохраната мајка.
„Тоа што го направив не е ништо посебно, бидејќи моите колеги секојдневно ги прават овие работи на улиците на Глендал“ – додал полицаецот.„Јас немам ништо, а мора да најдам пари за да ги покријам торшоците за живот. Се наоѓаме во многу тешка ситуација, а никој не сака да нѝ помо



