НАПРАВЕТЕ САМИ: Ослободете се од мувла и влага во домаќинството

Како просторот во кој живееме повторно да го направиме чист и безбеден?Дали некогаш сте се нашле во ситуација да ви се појават темни дамки на тапетите , на завесата од туш кабината или на фугите во тоалетот ? Најверојатно тоа е габа или мувла и претставува опасност и закана по нашето здравје. Тие се показател на прекумерна влажност на воздухот во нашата дневна соба.
Ефикасен и евтин начин да се ослободите од мувла во бањата – Погледнете на следниот ЛИНК 
Што е потребно за развој на овие габи и мувла ?
-Одредена количина на влага
-Одредена собна температура
-Контакт со кислород
-Одредена плодна почва
Што треба да направите ?
Иако на пазарот постојат повеќе начина и средства за борба со овој проблем , многумина како најдобар и најефикасен (или барем наједноставен за употреба ) го издвојуваат -100% алкохол. Доколку немате или не можете да набавите сто процентен алкохол препорака на експертите е да користите барем 80 % алкохол , бидејќи алкохолот ја разблажува и самата влага на која се нанесува. Други средства кои се препорачуваат а се многу познати но нивната употреба не се препорачува често се 5% раствор со хидроген пероксид и средство за чистење домаќинство со хлор кој бара стручна употреба бидејќи хлорот штетно влијае на здравјето на човекот.

 
Улога на влагата
Едно од најбитните правила во „борбата“ со мувлата и габите е спречувањето на формирање на истите. Влагата и нејзиното таложење во станбениот простор во нормални услови може да се спречи со греење и вентилација(проветрување).Исто така ѕидовите мора да бидат во состојба да апсорбираат одредена количина на влага. Со правилно однесување , одржување , проветрување и загревање на нашиот дом во голема мера ќе ја одржуваме влагата во нормална и дозволена граница. Релативната влажност во домот треба да ни биде 65-70 %.Многу е важно влагата која се формира при одредени активности во домот ( туширање , готвење , перење) редовно да ја проветруваме. Ладниот воздух од надвор кој во текот на проветрувањето влегува внатре , покасно со загревање на просторијата станува топол  се приспособува на влагата и ја напушта просторијата. Ладниот воздух кој влегува од надвор во топла просторија е во состојба добро да го исуши просторот дури и во период кога времето е дождливо. Колку е воздухот поладен толку на себе може да врзе водена пареа. Поради тоа  проветрувањето во текот на зимата можно е да отстрани повеќе влага од просторијата отколку во лето.
Мувлата во домот претставува огромен ризик за здравјето – како да се ослободите од неа, прочитајте ТУКА 
Правилно чистење
Чистењето не е толку едноставна задача колку што ни изгледа на прв поглед .Со нестручно санирање може да се прошири по целиот станбен простор и така штетата ќе биде поголема од користа. На пример , ако имате мувла или габи на тапетот, ѕидот потребно е целата површина темелно да се тргне , исчисти – препорачливо е нападнатите места да се поминат (испрскаат) со млаз вода или со некој од наведените хемикалии (може и Доместос) да не се бришат , како спорите не би се прошириле по целата станбена површина. По одреден временски период кога испрсканото место ќе се исуши , премачкајте го со „Jupol citro“ боја што во себе содржи фунгицид.Дали некогаш сте се нашле во ситуација да ви се појават темни дамки на тапетите , на завесата од туш кабината или на фугите во тоалетот ? Највероја

Пронајдете не на следниве мрежи: