Еве што му се случува на организмот ако спиете во ладна соба!

Спиењето е исклучително добро за здравјето. Но, едно истражување покажало дека спиењето во поладна соба значително го подобрува здравјето. Ладните спални соби можат суптилно да го трансформираат кафеавото масно ткиво (се сметаат за добри маснотии) во поголема потрошувачка на енергија и подобрување на работата на метаболизмот, дури и во текот на денот.До неодамна, научниците сметаа дека возрасните немаат кафеави масти, но во текот на последните неколку години кај многу возрасни луѓе пронајдена е многу мала количина, со големина на лажица во вратот и горниот дел од грбот.
Ова е важна работа, бидејќи кафеавите масти за разлика од познатите бели масти метаболички се активни. Експерименти направени на глувци покажале дека е потребно да се исфрли шеќерот од крвотокот за да започне согорувањето на калориите и регулацијата на внатрешната температура на телото.
Сличен процес се одвива и кај луѓето. Нова студија, која е објавена во јули 2015 година од страна на Американското здружение за дијабетес во соработка со Националниот институт за здравје, го истражила влијанието на климатските услови на спалните соби во кои спиеле пет млади мажи волонтери во тек на неколку месеци.
Мажите во текот на денот го живееле својот вообичаен живот, но навечер се враќале на спиење во институтот. Сите јадења, вклучувајќи го и ручекот, им биле осигурани со правилен внес на калории. Спиеле под проветрени лесни чаршави. За време на првиот месец, истражувачите ја одржувале температурата на собата на 24˚С, сметајќи дека неутралната температура нема да поттикне реакција на телото.

Следниот месец температурата на собата ја намалиле на 19˚С, за која истражувачите сметале дека ќе започне да го стимулира кафеавото масно ткиво (но и дека ќе предизвика треперење на мускулите со цел автоматски да контрахираат за да предизвикаат ослободување на топлина, што инаку е стандардна реакција на пониски температури).
Следниот месец, температурата на собата повторно била зголемена на 24˚, за да ги прекинат сите ефекти од студената соба, и на крајот, последниот месец, температурата ја зголемиле за 27˚. Во текот на експериментот, шеќерот во крвта, нивото на инсулинот и внесот на дневните калории биле редовно следени, а исто така, после секој месец се мерела и количината на кафеавите масти.
Она што најмногу изненадува: по неколку седмици спиење на температура од 19˚С, кај мажите речиси двојно се зголемил волуменот на нивните кафеави масти.
Нивната чувствителност на инсулин, кој е под влијание на промена на шеќерот во крвта, се подобрила. Промените благо се промениле, но таа промена е значајна, тврди Франческо С. Чели, еден од истражувачите и професор на Универзитетот Virginija Commonwealth.
Чели порачува:
„За да ја поттикнете работата на метаболизмот, намалете ја температурата во спалната соба за неколку степени. Мојата собна температура, а исто така и температурата во мојата ординација има уште една бенефиција – ги скратува состаноците. Очигледно е дека намалувањето на температурата во нашата околина поттикнува одредени механизми за кои досега се нема многу дебатирно и истражувано“.
Спиењето во ладна просторија или туширање со ладна вода создава постојано зголемување на внатрешната температура, што допринесува кон јакнење на имунитетот и забрзување на метаболизмот, посебно во моменти кога се опуштаме (спиење, туширање или капење).

Пронајдете не на следниве мрежи: