ЛУКСУЗНИ БЕБИСИТЕРКИ: Ги чуваат децата на богаташите и имаат живот како од соништата

Првокласни летови, приватните вили и останатите привилегии на дадилките кои се грижат за децата на богаташите, ќе ве натераат уште еднаш да размислите околу изборот на професија.Приватни авиони, купување на дизајнерска облека и дружење со познати личности се привилегии во кои обично уживаат богатите и славни личности, но тие не се единствени.
Најбараните бебиситерки од А-листата уживаат во привелегиите на животот на висока нога и патувања со своите работодавачи,а за сето тоа се платени. Иако тоа не е ни малку лесна работа, славната бебиситерка Филипа Кристијан заедно со неколку други елитни бебиситерки открива како изгледа нејзиниот живот.
Филипа (27) последните неколку години работи за голем број богати семејства вклучувајќи филмски и спортски ѕвезди , а некои од нив имаат и палати на приватни острови во Индија.
 
За некои од работодавачите таа не ни знае со што се занимаваат. Вели дека најдобро е да не прашува, туку чека да и кажат – секако ако сакаат.
ГЕРМАНИЈА БАРА НЕГОВАТЕЛИ: Еве какво искуство сподели девојка која работи таму – Прочитајте на следниот ЛИНК
– Бев толку среќна кога бев во приватната италијанска вила, која имаше слуги со повеќе од 50 луѓе. Палатата се протегаше колку што погледот можеше да стигне, а имав и свои одаи – се присетува Филипа
Лета само со прва класа и шета низ светот
Оваа родена Австралијанка наведува дека благодарение на работата посетува детинации за кои порано само можела да сонува. Била скоро на сите континенти, а престојувала во Америка, Индија, Бахамите, Соединетите Арапски Емирати, а била на кратко патување и по европските земји.

Кога сте бебиситерка на висока нога забоавате на економските летови, се лета исклучиво со прва класа.
– Кога за прв пат летав со прва класа, немав идеја што да очекувам. За среќа децата кои ги чував знаеа што каде се наоѓа и кое копче за што треба да се стисне – опишува Филипа.
Иако работата вклучува целодневна работа и хронична сонливост, таа дава и доволно време да се истражат егзотични локации на кои семејствата одат за празниците.
Филипа напишала и книга „Nanni Confidential“ во која ги опишала своите искуства. Меѓу нив се и семејствата кои и забранувале да има момче, како и оние кои имале полициски час.

 
Почетната годишна заработувачка е 40.000 евра
Филипа не е единствена која ужива во луксузот од својата работа.
Паола Диана (40) е основач и директор на компанијата „Nanni & Butler“, која на меѓународно ниво се занимава со пронаоѓање на стручни лица за работа во домаќинството. Паола е со потекло од Рим и живее на релација Лондон – Рим. Таа вели дека дадилките можат да имаат магичен живот.
– Тоа се девојки кои стануваат т.н. принцези бебиситерки. Тие со време се навикнуваат на тој начин на живот, па чудно им е кога не летаат со прва класа авион. Тоа што е специфично за богатите семејства е тоа што често се селат, па можете во една година да бидете во Лондон, Грција, Америка и во меѓувреме да отидете на уште неколку патувања – наведува Паола.
Почетната заработувачка на бебиситерките е 40.000 евра годишно, но можат да заработат и повеќе од 80.000 евра.
Некои годишната плата ја заработуваат за една недела
– Навистина добри бебиситерки можат да заработат 2000 евра неделно. Поголемиот број од нив имаат помалку од 30 години. Оние кои ги импресионираат своите работодавачи добиваат бонуси, а ако подолго останат со семејството, некогаш можат да добијат дури 40.000 евра – вели Диана Паола.
Бебиситерката Холи Бамерт е американска бебиситерка која била во Англија, Грција, Швајцарија, Италија, Шпанија, Девствените Острови и Уругвај.

– Семејството во кое работам плаќа карта за моите сакани личности кои сакаат да ме посетат, каде и да сум во светот и плус имам 10 дена одмор да патувам и разгледувам. Мојот најдобар пријател цело лето го помина во Лондон со мене и покрај платата, добивме и огромни дневници – вели Бамерт.
Она за што сите се согласни е дека оваа работа овозможува многу искуство и задоволства, но и тоа дека некои семејства можат да бидат многу тешки за соработка.  Приватни авиони, купување на дизајнерска облека и дружење со познати личности се привилегии во кои обично уживаат богатите и славни личности, но ти

Пронајдете не на следниве мрежи: