ДЕСЕТ ЗАБЛУДИ: Овие мислења за медот не се вистинити!

Овој единствен подарок од природата има лековити својства, но и многу мислења кои не се вистинити се однесуваат на него.Постојат голем број на здравствени проблеми кои можат да се решат со помош на мед. Овој еликсир на здравјето можеме да го мешаме со лимон, ѓумбир, цимет, да приготвуваме од него вкусни слатки и лековити напивки.
Но, можеби и не знаеме баш сѐ за медот.
Ова се најчестите заблуди:
1. Медот не е посладок од шеќерот
Медот е посладок, но затоа е пожелно да се користи во помали количества.
2. Најдобро е медот да се зема со врела вода
Ако го прелиете медот со врела вода, не само што ќе го смените неговиот вкус, туку и ќе ги уништите природните ароми во него.
3. Медот не треба да се зема со метална лажица
Во медот се наоѓаат органски киселини, па затоа може да дојде до реакција при контакт со метал. Меѓутоа, за тоа е потребно време и тоа многу повеќе од неколку секунди колку што е потребно да го земете медот со лажица од тегла. Доколку сепак се двоумите, користете дрвена лажица.
4. Медот не може да се расипа дури и ако се чува во тегла без капак
Медот ја впива влажноста од воздухот кога се чува во сад без капак, па може да додје до ферментација. Затоа, не заборавајте добро да го затворите капакот од теглата во која се наоѓа медот.
5. Медот постои во течна и форма на крем, како и во прав
Медот може да се најде во цврста форма како крем и во течен облик, но не постои мед во прав.

6. Кристализацијата влијае врз квалитетот на медот
На кристализираниот мед не му се менуваат квалитетот и хранливите вредности.
7. Медот не е поздрав од рафинираниот шеќер
Оваа природна намирница е поздрава од повеќето засладувачи и рафинираниот шеќер.
8. Медот содржи холестерол
Во медот воопшто нема холестерол.
9. Медот содржи маснотии
Нема холестерол, ниту пак маснотии во медот.
10. Медот не помага при слабеење
Според некои научни истражувања, медот во текот на ноќта делува како гориво кое ги согорува маснотиите додека спиеме.Постојат голем број на здравствени проблеми кои можат да се решат со помош на мед. Овој еликсир на здравјето можеме да го мешаме со лимон, ѓумбир,

Пронајдете не на следниве мрежи: