ОВА НИКАКО немојте да го јадете кога сте „гладни како волк“!

Секој од нас некогаш бил толку многу гладен што како што се вели „би можел да изеде слон“.Но, во тие моменти не треба да го јадеме тоа што прво ќе го зграбиме.
Доколку стомакот в крчи бидејќи сте го прескокнале оброкот и едвај чекате нешто да „кркнете“ – кренете рачна. Прво што треба да знаете е дека во таков случај не би требало да јадете лута и зачинета храна бидејќи ќе го надразните дигестивниот систем.
Кога желудникот е празен во него нема ништо што може да се избори со зачините, тогаш киселина и болки во стомакот се загарантирани. Вели гастроентерологот Лиса Ганхју.
Поради тоа се советува храната која има феферонки , чили сос и слично да ја зачувате за тогаш кога вашиот стомак не е празен.
Доколку баш немате ништо друго во фрижидерот, пред зачинетиот оброк напијте се барем малку млеко или јогурт за да ви се обложи желудникот.
Избегнувајте јаболки и круши
Доколку мислите дека гладта ќе ја намалите со овошје, се лажете. Доколку изедете јаболка или крушка на празен желудник стомакот ќе ви биде само полошо, бидејќи ќе чувствувате глад многу повеќе.
Нутриционистите стојат зад тоа дека подобро е да се изеде овошје наместо нешто благо на празен желудник, но советуваат и со тоа да изедете една рака ореви или парче сирење.

 
Грицки
Доколку сте „гладни како волк“ грицките нема да ви помогнат. Поради тоа немојте да купувате чипс или крекери во надеж дека така ќе го намалите гладот. Нема! Наместо тоа изедете некој помал домашен сендвич кој ќе ве држи до ручек.
Кафе ни случајно
Брзиот начин на живот не научи наутро, на празен желудник да се напиеме кафе. Меѓутоа, лекарите тврдат дека со ваквиот потег невидено си штетиме самите на себе.
„Кафето на празен желудник или некое цитрусно овошје се вистинска бомба за желудникот. Тие предизвикуваат киселина која ќе ја нагриза слузокожата на вашиот желудник и создавате одлична подлога за чир“, вели д-р Ганхју.  Но, во тие моменти не треба да го јадеме тоа што прво ќе го зграбиме.
Доколку стомакот в крчи бидејќи сте го прескокнале оброкот и едвај че

Пронајдете не на следниве мрежи: