Детенце од Сирија ГИ ВООДУШЕВИ Норвежаните: За само 20 дена, Јаман успеал да…

Норвешките медиуми редат пофалби за детенцето кое од Сирија избегало во Норвешка, кадешто го научил норвешкиот јазик за само 20 дена.Јаман Кафарнави (14), ги воодушеви Норвежаните откако го научи нивниот јазик за само 20 дена од неговиот престој во оваа скандинавска земја.
Детенцето гостувало во норвешката „ТВ2“, кадешто одговараше на прашањата на водителот, како што наведуваат тамошните медиуми, со импресивен акцент.
„Се викам Јаман. Имам 14 години. Доаѓам од Апел во Сирија. Мислам дека норвешкиот јазик е лесен, иако постојат некои потешки знаци за учење во овој јазик“ – изјавило детенцето од Сирија.
Веднаш потоа, Јаман ја прочитал и првата строфа од националната химна на таа земја.
Фахад Аби, волонтер којшто го подучува Јаман, изјавил дека детето веќе до крајот на годината добро ќе го владее норвешкиот јазик. Детето досега научило голем број на зборови, а во моментов учи да пишува.
Инаку, Јаман патувал околу 15 дена за да пристигне во Норвешка од Сирија, патувајќи низ Турција, Грција, Македонија, Србија, Унгарија, Австрија и Германија.
Во Осло живее заедно неговата мајка и помалата сестра, додека неговиот татко живее во градот Ларвик. Како што наведуваат тамошните медиуми, Јаман во иднина сака да стане лекар.Јаман Кафарнави (14), ги воодушеви Норвежаните откако го научи нивниот јазик за само 20 дена од неговиот престој во оваа скандинавска земја.

Пронајдете не на следниве мрежи: