СЕ ЗДЕБЕЛИВ и сфатив дека сум ЛОША ВО КРЕВЕТ, а тогаш ПОРАКАТА од еден тип ме промени од корен

Безброј пати добивав и губев килограми, а во своите 20-ти години дури некое време имав и 61 килограм. Изгледав како глава која оди, а гради скоро и да немав. Имав вистинска тежина според статистиката, но според моите сфаќања, премалку.Поголем дел од мојот живот бев дебала, не исклучиво судејќи по мојот изглед, туку на основа на оние смешни БМИ графикони кои инсистираат да имаш одредена тежина според својата висина.
Кога моите омилени лекови за слабеење беа тргнати од продажба, имав скоро 30 години и 90 килограми. Можеби ова ви изгледа како голема бројка, но јас се чувствував удобно. Имав гради и облини таму каде што сакав. Бев задоволна со своето тело.
Не вежбав премногу, а притоа имав и доволен број на мажи. Немав премногу секс со овие килограми, но не затоа што немаше понуди, туку поради тоа што не бев заинтересирана.
Во раните триесети години повторно почнав да имам повеќе секс и беше подобар откако бев млада и слаба. Имав повеќе искуство и многу помалку грижа околу тоа како изгледа моето тело.
Не би сакала да се фалам, но имаше мажи кои ме преколнуваа за уште секс. Можеби другите девојки не се толку флексибилни како јас.
Потоа следеше период на депресија
10 години апстиненција, напредок, па нови турбуленции
Мојата тежина скокна на 107 килограми. Бев очајна поради оваа болест и се одлучив на целибат.
Скоро една деценија подоцна се ослободив од депресијата, но и понатаму немав никаква сексуална активност. Добив идеја да почнам да тренирам за поло – маратон. Со секојдневно трчање изгубив скоро 14 килограми и бев во најдобра форма во животот. Исто така почнав да се гледам со некој и имав редовен секс.
Беше неверојатно. Можеби поради ендофинот или губењето на килограмите, можев да бидам на врвот со часови,да го свиткам телото во перек и да ја остварам секоја положба. Бев вистински маѓионичар во кревет.
Тогаш депресијата повторно се појави. Раскинав со момчето и добив артритис во коленото, што претставуваше крај на трчањето. Мојата стара тежина повторно се врати, но бев премногу депресивна за да ме погоди тоа.
Кога депресијата конечно се повлече, се одлучив да побарам љубовник….

 
Секс со пријател
Изборот падна на некој со кој веќе бев блиска и во другарски однос . Нашиот прв пат беше исклучително неудобен.
Во целата средба влегов расположена. После се, последниот пат кога имав секс бев неверојатна, или барем тогашното момче така тврдеше.
Но, овој пат ништо не беше како што треба. Имав чувство како да имам тегови на рацете и нозете. Не можев да се помрднам како што сакав бидејќи телото тоа не ми го дозволуваше.
Прво мислев дека непријатноста е присутна првенствено поради тоа што малку зарѓав и што е во прашање нов партнер.
Меѓутоа и следниот пат не беше ништо поразлично. Уживав во сексот но и понатаму бев вознемирена поради недостатокот на агилност. Се чувствував како „дебела девојка“.
Не ме сфаќајте погрешно, мојот љубовник немаше никаков проблем со моето тело. Ги галеше сите облини и набори и уживаше.
Изгледаше како сето тоа да е рутина за него, но јас бев значително под својот стандард. Се чувствував неспретно и несмасно.
Прв пат во животот имав чувство дека телото ме издава. Не поради начинот на кој изгледаше, туку поради тоа како се однесуваше.
Како една порака промени се
Можев по цел ден да се гледам гола и секогаш гледав секси суштество. Но кога на ред дојде вистински секс, моето тело секој пат успеваше да го изневери позитивниот став за неговиот изглед.
Потоа се случи нешто интересно. Еден од моите добри машки пријатели ми даде сексуален предлог. Од ведро небо ми испрати порака и ми рече дека ме видел на Фејсбук и дека сум многу секси. Да ја скратам приказната, сакаше да имаме секс.
Со оглед на последните искуства, барав изговори, а тој упорно ми кажуваше колку сум секси и што се би ми правел.
Не сакам да кажам дека ми беше потребен маж кој обрнува внимание за да размислам за се. Но сакам да кажам дека слушањето на сите тие комплименти ме потсети дека сексот не се сведува на тоа што јас можам да му пружам на партнерот, туку и на тоа што тој може мене – без оглед на тоа колку ми е сега потешко да изведам некои пози.
Иако сега имам љубовник, некогаш ќе ја прифатам неговата понуда. Многу е убаво кога некој ве обожава од далечина и кој има намера а ги исполни своите ветувања. И сега повторно се ценам себе си онаква каква што сум, а не по тоа што можам да правам во кревет. Поголем дел од мојот живот бев дебала, не исклучиво судејќи по мојот изглед, туку на основа на оние смешни БМИ графикони кои инсистираат да имаш од

Пронајдете не на следниве мрежи: