Истражувањето на група научници од Универзитетот во Упсала, покажа дека пиењето млеко влијае врз зголемувањето на стапката за смртност и допринесува коските да стануваат подложни на преломи – токму спротивно на она што го мислевме досега.
Истражувањето објавено во списанието „British medical journal“, било спроведено во три округа во Шведска, пришто биле користени податоци на две големи групи кои ги сочинувале 61.433 жени на возраст помеѓу 39-74 години и 45.339 мажи помеѓу 45-79 години.
Се испоставило дека кај жените коишто пиеле најмалку три чаши млеко, ризикот од смрт бил двојно поголем отколку кај жените кои пиеле помалку од една чаша дневно.
Освен тоа, конзумирањето на поголемо количество млеко го зглемува ризикот од прелом на коските. Жените кои пиеле три чаши млеко дневно, биле изложени на 90% поголем ризик од смрт, 60% на поголем ризик од прелом на колкот и 15% поголем ризик од прелом во целост, отколку оние кои пиеле помалку млеко.
Разликите во стапката на смртност била помалку изразена кај мажите, а кога станува збор за прелом на коските – разликата не била забележана.
Едно истражување, објавено во „American Journal of Public Health“, покажало дека конзумирањето на млечни производи дури го зголемува ризикот од прелом на коските за цели 50%.
Витаминот Д можеби е поделотворен кога станува збор за намалување на овој ризик. Истражувањата, исто така покажуваат дека млечните производи кај мажите го зголемуваат ризикот од рак на простата за 30-50%. Ќе напоменеме и дека околу 65-75% од светското население има намалена способност за варење на лактоза – шеќер од млеко и млечните производи.
Лактозата обично се разградува од ензимот лактаза, кој го произведуваат клетките во ѕидовите од тенкото црево. Млeкото и млечните производи не се единствен извор на калциум.
Кељот е полн со калциум, што значи дека 3 ипол филџани салата од кељ обезбедуваат повеќе калциум од една чаша млеко. Тука е и портокалот, а еден портокал содржи околу 60 мг калциум. Мешунките, како гравот, грашокот и леблебиите, исто така се богати со калциум.
Истражувањето објавено во списанието „British medical journal“, било спрове
Пронајдете не на следниве мрежи:



