Фото: Се сликале НАСМЕАНИ покрај нивниот МРТОВ ТАТКО: Не се луди, само имаат сериозна порака за вас

Откако сопругот и починал поради предозирање со хероин, Ева Холанд од Охајо одлучила покрај неговото тело да се фотографира со насмевка на лицето, заедно со нејзините деца, за да укаже на тоа дека смртта на нејзиниот сопруг може да биде спречена. Нејзиниот 26- годишен сопруг Мајк Сетлс починал на 2-ри септември откако повторно потклекнал пред зависноста. После Божиќ излегол од болницата за одвикнување „како нов човек“, но тоа не траело долго.Мајк на хероин се навлекол откако станал зависен од лекови против болки. За време на неговиот погреб, минатата недела, Холанд решила да ја направи последната фотографија со него. Таа и децата Лукас и Ава, насмеани позирале покрај телото на саканиот сопруг и татко, а потоа, таа ја објави фотографијата на Фејсбук и Инстаграм со потресна порака.
„Сигурна сум дека на многу луѓе им е непријатно поради оваа фотографија, а некои дури и се разбеснети поради неа, но ја направив за да покажам како навистина изгледа зависноста“, напиша таа.
Тие двајца својата 11 годишна врска и брак ја започнале како тинејџери, а вдовицата на сите им порача дека дека единствен излез од пеколот на зависноста е одлуката дека секој ден ќе се лечите.
„Ниеден родител не би требало да си го погреба своето дете и ниту едно дете малечко како нашите не би требало да го погреба својот родител. Ова можеше да се избегне, не требаше да се случи, но една погрешна одлука го уништи нашето семејство. Знам дека многу се вознемирени што тоа вака го објавив, но криењето на причината само и помага на епидемијата. Суровата вистина е дека хероинот убива. Можеби мислите дека тоа нема да ви се случи на вас, но знаете што, во тоа веруваше и Мајк“ напиша таа.
Појаснува дека нејзиниот сопруг почнал да користи дрога на почетокот на нивната врска.
„Бевме заедно 11 години. Бев тука пред се да почне. Знаев што сака од животот, сите негови надежи и соништа. Никогаш не ни сонуваше дека неговиот живот ќе заврши вака. Некогаш беше толку среќен и полн со живот. Беше совршен син, брат, пријател и најважното совршен татко. Ги сакаше овие деца повеќе од било што. Но како што сите знаеме животот понекогаш е тежок и донесуваме погрешни одлуки. Неговата зависност започна со таблети против болки, а хероинот беше неизбежен. Толку многу не сакаше што кон крајот на минатата година одлучи дека е доста и отиде на одвикнување. Се врати пред Божиќ како нов човек, син, брат и татко кој на сите нас ни требаше“, напиша таа.
Холанд откривa кога нејзиниот сопруг повторно ја изгубил контролата…

Холанд открива дека нејзиниот сопруг повторно ја изгубил контролата кога почнал да пие лекови против забоболка.
„Му одеше добро но пред неколку месеци почна се од почеток со една таблета против забоболка која го врати на патот на зависноста. Рече дека може да се носи со тоа, дека може да престане и дека овој пат не му е потребна помош. Но, не беше во право. Минатата среда последен пат воздивна. Таткото на моите деца, човекот кој го сакав од детство, одличен син и добар човек, ја изгуби оваа битка. Морав да ја споделам оваа приказна за да помогнам на некој друг“, напиша Холанд.
И нејзиниот сопруг на својот Фејсбук отворено пишувал за борбата со зависноста. „Трезен е најдобар изглед“, напишал во април покрај својата фотографија. Во мај објавил две свои фотографии, една од зависничките денови и една после лекувањето. Истиот месец открил дека тој и сопругата се разминале, но одлучиле да се смират и повторно да бидат семејство.
Фотографијата од насмеаното семејство на Мајк покрај неговото тело досега е споделена повеќе од стотина илјади пати, а Холанд раскажува дека зависници на улица и заблагодаруваат поради тоа што го направила. Мајк на хероин се навлекол откако станал зависен од лекови против болки. За време на неговиот погреб, минатата недела, Холанд решила да ја направи

Пронајдете не на следниве мрежи: