Еден од митовите за храна кои се појавуваат од време на време е дека би можеле да умрете ако изедете повеќе од 6 банани одеднаш. Иако не е здраво да претерувате во било што , овој мит е лажен, но никако да исчезне.Бананите се многу здрави, преполни се со витамини и минерали, особено со калиум кој е клучен за нашиот живот и може да се најде во секоја станица на нашето тело. Телото со негова помош ги спроведува електричните импулси низ станиците, калиумот има улога во ослободувањето инзулин кој го регулира нивото на шеќерот во организмот, а што е најважно помага во одржување на нивото на крвниот притисок, пишува BBC.
Меѓутоа, ако нивото на калиум во телото е пренизок или превисок, може да дојде до неправилна работа на срцето, желудочни и проблеми при варењето и мачнини. Калиум – клорид е една од хемикалиите кои Американците ја користат во смртоносните инекции кои им се даваат на осудениците на смрт, бидејќи превисокото ниво на калиум кој се задржал во организмот може да предизвика срцев удар.
Можете да изедете и 7…
Меѓутоа, јадењето 6 или повеќе банани не може да ве убие. Морате да изедете повеќе од 400 на ден за да создадете ниво на калиум кое ќе може да ве убие, вели за ВВС Катерин Колинс, нутриционистка од болницата St. George во Лондон. „Бананите се исто така, многу здрави a секогаш тоа и биле“.
Возрасните личности би требало во организмот да внесуваат 3500 милиграми калиум на ден. Просечната банана содржи околу 450 милиграми, што значи дека можете да јадете повеќе од 7 за да ја внесете препорачана доза на калиум во организмот. Бананите се многу здрави, преполни се со витамини и минерали, особено со калиум кој е клучен за нашиот живот и може да се најде во секоја станица н



