Откако во регионот одекна приказната на една сараевка која тврдела дека секоја вечер во нејзиниот кревет доаѓало мистериозно суштество кое ја терало на секс, се јавила уште една жена со малку поинаква приказна…Ова е нејзината исповед:
„Една вечер нагло ми се прекина сонот. Се вкочанив кога го видов сопругот покрај мојот кревет. Беше гол и ме доближи до себе. Треперев од страв. Изутрина бев збунета и излудена. Се прашував дали тоа беше сон. Цел ден бев замислена. Како нешто да ми го опи мозокот.
Кога пред четири години почина мојот сопруг, мојот свет се урна. Не можев да го прифатам фактот дека повеќе го нема. Бев многу врзана за него. Имавме идеален брак. Никогаш ми немаше повишено тон, а камоли да крене рака на мене.
Многумина не можеа да поверуваат колку патев по него.
– Ајде мамо, прибери се. Не исчезна светот по смртта на тато. Мора да бидеш силна, дури и постариот син ме крититкуваше.
По четири месеци тага и болка, за прв пат почувствував волја за живот. Таа вечер прекрасно си поминав. Синот ја донесе девојката за да се запознае со мене, си ги замислував внучињата.
И таман кога малку почнав да закрепнувам, пред осум месеци ме дочека нова неволја.
Секоја вечер ја доживував истата работа – мојот гол сопруг стоеше покрај мојот кревет… Секоја вечер во еден часот по полноќ. Верувам дека многумина ќе речат дека сум луда, но јас сум сведок на тие настани. Бев среќна, насмеана… Во мене оживеа мислата дека мојот сопруг е жив навечер. Не се посомневав дека дух го презема обликот на мојот сопруг за да општи со мене.
За среќа, една пријателка успеа да ме извлече од таква состојба. Една вечер кога бев кај неа на гости, ме праша како одеднаш блескам од среќа. Без трошка срам раскажав за ноќните посети на мојот сопруг. Таа скокна од каучот. Ми рече дека итно ми треба помош и ме замоли да си одам од нејзината куќа. Веднаш им се јави на моите родители и им раскажа што ми се случува. Откако интервенираа, повеќе никогаш не го видов духот на мојот сопруг. Изгледа нивните лути реакции ме вратија во реалноста…Ова е нејзината исповед:
„Една вечер нагло ми се прекина сонот. Се вкочанив кога го видов сопругот покрај мојот кревет. Беше гол и ме



