Маслото од каранфилче сѐ уште е активна состојка во некои производи за плакнење на устата и ублажувањето на непријатната миризба од лошиот здив.Во народната традиција се смета дека топењето на каранфилче во устата, без џвакање и голтање, може да се уништи желбата за алкохол.
Каранфилчето, зачин со должина помеѓу 12-16 милиметри, е вистинска ризница на здравје.
Традиционалните кинески лекари го користат каранфилчето уште од многу одамна и тоа при лекување на проблеми со варењето, дијареја, лишаи, атлетско стапало и габични инфекции.
Индиските ајурведски исцелители со него ги лекуваат пречките при дишењето и варењето. Средновековните германски тревари со смеса од каранфилче се бореле против гихт.
Првите американски лекари го користеле за лекување на проблеми со варењето, а го додавале и во горчливите билни лекови за да ги направат повкусни. Тие подготвувале и масло од каранфилче, со кое го масирале непцето за да ја олеснат забоболката.
Штом почувствувате болка, ставете каранфилче на болното место околу забот и загризете. Држете така 15 минути до половина час. Болката брзо ќе исчезне. Кај посилна забоболка, користете масло од каранфилче кое дејствува како анестетик. Ублажувањето на болката со каранфилче е само привремено решение, затоа е потребно да се обратите кај стоматолог.
Неколку капки од етерично масло од каранфилче, помешани со вода, можат да спречат повраќање и мачнини. Етеричното масло од каранфилче е делотворно против многу бактерии и паразити бидејќи содржи еугенол, кариофилен и танин – кои имаат силни антимикробни својства.Во народната традиција се смета дека топењето на каранфилче во устата, без џвакање и голтање, може да се уништи желбата за алкохол.
Каранфи



