ЖРТВА НА СИНЏИР ЗА ПЕДОФИЛИЈА: „Ме силуваа кога имав 11 години!“

Од својата 11. до 16. година, Сара Вилсон била силувана и злоставувана во педофилскиот синџир наречен Ротерхам. Кога педофилите биле откриени, тоа бил еден од најголемите скандали во Велика Британија.На подрачјето на Јоркшир, педофилска банда, составена главно од мажи со азиско потекло, оперирала од почетокот на 90-тите сѐ до 2013. година, а се проценува дека злоставувале повеќе од 1400 девојчиња.
Сара била една од нив, а нејзината исповед ја опишала во објавената книга „Злоставувана“.
„Сѐ започна кога едно 11-годишно девојче беше силувано на училишното игралиште од страна на 30-годишен Пакистанец. Ѝ беше срам и ѝ се гадеше од самата себе“, вели денес оваа 23-годишна девојка која влегла во магичен круг од кој не знаела дали воопшто ќе излезе.
„Мажи, двапати и трипати постари од мене, се правеа дека ми се пријатели и ми велеа дека сум убава. Ми купуваа сѐ што ќе посакав – телефони, облека, цигари… секако, алкохол и дрога. Тогаш почнаа да ме возат во други градови, кадешто спиев со нив и со нивните пријатели. Имав 12 години и мислев дека тоа е нормално. До тој степен ми го испраа мозокот“, опишала Сара.
„Понекогаш ме возеа и неколку стотици километри за да спијам со седум мажи по ред“, вели таа и додава дека одбивањето не било опција:
„Ме навлекоа на алкохол и дрога бидејќи самата не можев да си ги дозволам, а ми се закануваа дека ќе ја запалат куќата на моите родители“.
Сара открила дека нејзината мајка повеќепати ги пријавувала нејзините исчезнувања во полиција, но тие не преземале ништо.
„Социјалните работници ме сместија во дом, но моите злоставувачи секогаш наоѓаа начин како да ме соберат со такси. Кога ќе ме донесоа рано наутро назад, им даваа пари на вработените во домот за да молчат“, рекла Сара.
Од педофилскиот синџир успеала да се извлече кога имала 17 години, но само поради тоа што за нив била престара.
Мрежата на злоставување е откриена во 2010 година, кога биле уапсени петмина мажи поради сексуално искористување на девојчиња, но се испоставило дека тие се само дел од огромниот синџир и дека сексуалните предатори десетина години силувале илјадници девојчиња.
New layer…На подрачјето на Јоркшир, педофилска банда, составена главно од мажи со азиско потекло, оперирала од почетокот на 90-тите сѐ до 2013. година, а се

Пронајдете не на следниве мрежи: