Денес не е можно да се замисли венчавка на која матичарот или свештеникот нема да изговори: „Можете да ја бакнете невестата“. Но, од каде тој обичај?За новопечените младоженци, првиот бакнеж претставува круна на венчавањето, а за сите останати, тоа е момент после кој – со пиење, игри и песни – конечно може да почне свадбената веселба. Меѓутоа, дали некогаш сте се запрашале зошто бакнеж, и згора на тоа во уста?
Христијаните веруваат дека првиот бакнеж не е толку симбол на љубов. Меѓу останатото, повеќето парови некогаш се венчавале на „невидено“ од интерес на своите семејства.
Бакнежот претставува сигнал дека бракот е „запечатен“, дека имено две души се засекогаш споени, односно дека е остварено тоа од Книгата на постанокот „И тие двајца ќе бидат едно тело“.
Бакнежот во уста ја симболизира врската помеѓу чистото, невиното и духовното и она телесното. Зарем има подобар вовед во брачните должности од самиот бакнеж?
Во некои земји обичај е сватовите да наздрават со чаши полни пијалак, или да заѕвонат ѕвончиња, за здравје на младенците, но не само поради тоа. Се верува дека ѓаволот го демне првиот бакнеж на младите, со намера да им го расипе бракот, а единствено овој звук ќе го истера и на парот ќе му овозможи да започне среќен заеднички живот.
Сепак, обичајот на бакнувањето датира од порано.
Според некои извори, уште во Стариот Рим постоела традиција дека токму со бакнежот се завршува „договорот“ помеѓу невестата и младоженецот, но и дека се истеруваат „злите души“, а постојат записи дека ова се правело и во древните цивилизации.
Колку тој бакнеж е важен дури и поважен од првата брачна ноќ, доказ е и оваа приказна.
Што се однесува до современите, граѓански бракови, бакнежот веќе не претставува никаков официјален симбол, но дури и најзакоравените атеисти нема да ја пропуштат приликата да се бакнат веднаш штом „ќе стапнат на лудиот камен“, бидејќи не постои порадосен начин да се прослави еден така голем животен чекор. За новопечените младоженци, првиот бакнеж претставува круна на венчавањето, а за сите останати, тоа е момент после кој – со пиење, игри и пес



