Кетрин Андерсон и нејзиниот партнер, фотографот Ангус Мекдоналд се враќале од Мјанмар кога ненадејно тој починал на аеродромот. Ова се извадоци од нејзиниот мемоар, во кој таа ја раскажува приказната за тоа како го загубила саканиот далеку од дома.По завршувањето на студиите во Сиднеј, потоа и во Пјун, Ангус ги следеше стапките на австралискиот авантурист Џорџ Ернест Морисон од Шангај до Рангун во 1994 година. Тоа беше патувањето кое го оформи Ангус да прави репортажи од патувањата.
Кога наполнив 50 години, Ангус ме убеди да ја посетиме Бурма во 2013 година. Сега се вика Мјанмар и таа година се одржа првиот Фестивал на литературата „Иравади“, под покровителство на Унг Сан Су Кји. Тоа беше настан кој досега никој го немаше запаметено. Го симболизираше сјајниот и нов Мјанмар, туристите буквално врвеа низ градот и насекаде владееше весела атмосфера. Додека подоцна го гледавме зајдисонцето на езерото, бевме исполнети не само со надеж за светлата иднина на Мјанмар, туку и за нашата: Ангус успеа да се избори со ракот на панкреасот.
Неколку дена подоцна, нашето патување нѐ однесе во Калав, во јужната држава Шан, која се наоѓа на околу 1500 метри надморска височина. Тогаш Ангус почна да покажува знаци на умор. Тој упорно инсистираше дека е изморен од возбудата што повторно го гледа Мјанмар и како можев да не се согласам со таа изјава?
Беше премногу лесно во планините да се заборави дека во претходните девет месеци тој се бореше против ракот и дека одеше на хемотерапија.
Не сакав повеќе да се изморува и го натерав да повикаме такси. Одеднаш, Ангус почна да го губи здивот. Возачот сакаше да застане, но тој инсистираше да нѐ однесе до аеродромот Јангон.
Вечерта пред инцидентот, Ангус се жалеше на болка во градите пред да се склупчиме заедно во креветот. Гласот му беше испрекинат и едвај доаѓаше до воздух.
„Дали ти е добро?“ – го прашав.
Тој само одмавна со главата и кажа дека сѐ е во ред. Но, одвнатре почна да ме фаќа страв.
Сега кога таксистот нѐ носеше кон аеродромот, се сетив на настаните од претходната вечер и ме фати паника. Конечно пристигнавме на аеродромот и Ангус ме замоли да побарам инвалидска количка. Целата испаничена, трчав и ги буткав луѓето по аеродромот. Вработените од аеродромот ме гледаа вчудоневидено кога зграпчив една количка и ја земав со себе. Одеднаш сфатија дека нешто не е во ред. Можеби беше поради тоа што станав хистерична. Знаев дека Ангус седи на задното седиште во таксито и ме чека. Лицето му беше бледо. Кога дојдов до таксито, забележав дека маицата му беше мокра од потта, а телото му попушти.
„Има ли доктор тука? Каде е?“
„Да, госпоѓо. Еве ме.“ Човек со токи-воки се појави зад мојот грб, кој на рамото имаше налепница со црвен крст.
Главата на Ангус падна кон неговите гради и му ја зграпчив раката. Се приближив до неговото уво и почнав да му шепотам дека сѐ ќе биде во ред.
Ангус ја губеше свеста…
Најнежно што можев, ги бутнав прстите во неговата уста и му ја одделив згрчената вилица. Пристигна уште едно медицинско лице со носила и го однесоа Ангус во амбуланта.
„Направете нешто!“, тоа беше крик за помош.
Едниот од докторите ми наликуваше дека е тинејџер во бела униформа и уште повеќе се исплашив. Кога требаше да му стави инјекција на Ангус, почнаа да му се тресат рацете. Го зедов шприцот од неговата рака и бев принудена сама да му ја вбризгам на Ангус содржината од инјекцијата.
Немаше пулс. Почнав да врескам на медицинскиот персонал. Но, никој од нив не можеше да ми помогне. Ги преколнував да му направат реанимација на Ангус, но кардиограмот не покажуваше никакви импулси. Занемев…
Гледав мртво и безживотно тело пред мене. Останав без мојот Ангус…
Неколку часа подоцна дојде полицаец кој едноставно сакаше да си ја заврши работата што е можно побрзо. Ми рече да се обратам во Амбасадата на Австралија за потребните процедури кои го вклучуваат префрлувањето на телото.
„Сакаме да знаеме која е вашата желба. Транспортот на телото може да биде скапо и да одземе многу време. Овде во Јангон, па… Не би сакале да го оставите телото на Ангус долго да стои во мртовечницата.“
Изгледа сакаше да ми каже дека трупот брзо би се распаднал поради неподносливото жешко време.
„Постојат други опции. На пример, кремирање. Тоа би можеле да го средиме. Пепелта би била полесна за пренос“.
Мртовечница. Кремирање. Транспорт. Пепел. Вака не го замислувавме нашето заминување од Мјанмар. Ангус не би сакал да остане во мртовечница.
„Кремирање“ – му одговорив.
Локалната организација за бесплатни погребални активности (FFSS) се согласи да ја изврши кремацијата. Недела дена подоцна, се вратив во Сиднеј заедно со пепелта на Ангус.
„Јас… јас не можам да го видам. Не можам. Никогаш повеќе.“По завршувањето на студиите во Сиднеј, потоа и во Пјун, Ангус ги следеше стапките на австралискиот авантурист Џорџ Ернест Морисон од Шангај до Ранг



