Ова е приказна за 6-годишната Тамара од Босна, која ја испратила читателка до локалните весници. Приказната ви ја пенесуваме во целост.
Ова е само една од многуте тажни приказни за суровата реалност во Босна и Херцеговина. Мајските поплави сите не зближија, но многу брзо ги заборавивме.
Се прашуваме ли како денес живеат луѓето од поплавените подрачја во Магај, Добој, Тузла..?
Тамара е 6-годишно девојче, без родители, која била принудена да ја наушти Тузла во текот на мајските поплави.
Живеела со бабата и братот, но тие останале дома борејќи се опстанок.
Нова дестинација за нејзе била сараевската населба Ступ, бидејќи со останатите роми со автобус стигнала во Сараево.
За жал, принудена е да плаќа станарина. Секако, со тој проблем не може да се избори сама бидејќи има само 6 години.
Тоа само ја одразува неодговорноста на опшеството, но и на целата држава. Тамара е виновна поради тоа што е Ромка. И така ќе биде секогаш, а животот не ги штеди децата. Ниту поплавите не ја поштедија.
Во Сараево друштво и прават локалните кучиња скитници.
Би сакал да можам да ви ја раскажам нејзината претажна приказна, но само нејзиното име ќе го дознаете. Не сака, но и не смее да говори за себе. Кога животот е суров кон некого, тој со годините, обично станува уште потежок. Така е и со нашата Тамара.
Дали некогаш сте нахраниле кучиња скитници? Дали сте дале капут или обувки некому кому му се потребни?
Дали сте направиле некое добро дело само затоа што сте се почувствувале дека така треба, без возрат?Тамара се заблагодари со солзи.
Најискрени, бидејќи детските солзи не можат да излажат.
Недостатокот на време илипари не претставува оправдание за пасивноста на граѓаните, кои ги занемаруваат проблемите кои се тука пред нас.Ова е само една од многуте тажни приказни за суровата реалност во Босна и Херцеговина. Мајските поплави сите не зближија, но многу брзо ги заборави



