Пензионерка од Велика Британија обожава да носи мини здолништа и да излегува со мажи кои се помлади од нејзе неколку децении. Таа не крие дека одела „под нож“, но истакнува дека за нејзината линија е заслужна здравата исхрана.Здрава исхрана, вежбање, ботокс и пластични операции прават чудо. Британката Џејн Пеш има 73 години, но со серија пластични операции на кои потрошила повеќе од 12.000 евра, здрава исхрана и редовно вежбање, успеала да ја дотера својата фигура и да изгледа неколку децении помлада.
„Претпоставувам дека би требало да носам удобен џемпер и рамни обувки. Но каде е забавата во сето тоа? Имам пријателки кои се на мои години, и се облекуваат конзервативно. Тие велат дека би сакале да ја носат облеката која ја носам јас. Кој ги сперчува? Не постои закон кој налага дека по 70-та година треба да се облекувате конзервативно“, вели Џејн.
Таа не крие дека имала неколку пластични операции. Откако ги родила децата, во 80-те години на минатиот век имала операција на градите. По тоа го затегнала и вратот, лицето, а сега редовно оди на ботокс. Сепак , тајната на нејзиниот изглед не е само во пластичните операции.
Таа редовно веба, здраво се храни, и како што вели сака да се забавува во животот. Поради тоа, таа е активна на неколку сајтови за запознавање,на кои и се додворуваат многу млади мажи.
Здрава исхрана, вежбање, ботокс и пластични операции прават чудо. Британката Џејн Пеш има 73 години, но со серија пластични операции на кои п



