Дали некогаш сте се запрашале зошто некогаш можете да јадете цел ден, а потоа имате ден кога воопшто не чувствувате глад?Во нормални услови чувствуваме глад кога сме согореле се што сме внеле и кога нивото на шеќер и инсулин почнуваат да паѓаат. Грелин, хормонот поврзан со апетитот, тогаш му дава сигнал на мозокот дека сме гладни.
Но, во тој процес можат да се вмешаат најразлични работи. Научниците откриле дека мозочните ќелии, витални за регулирање на апетитот, успоруваат во својата работа со годините поради што доаѓа до таложење на масни наслаги.
Експертите објаснуваат тоа се случува поради тоа што на нашиот мозок му е потребно повеќе време да сфати дека сме сити.
Што влиае на чувството за глад?
Гладни сме кога сме уморни
Ова посебно се однесува на жените. Според истражувањата, утврдено е дека личностите кои имаат недостаток на сон внесуваат скоро 300 калории дневно повеќе од оние кои се добро наспиени.
Менопауза
Промената во нивото на хормонот прогестерон може исто така да предизвика чувство на глад. Ова посебно се случува во менопаузата.
Таблети против алергиски реакции
Познато е дека луѓето посебно посегнуваат пои храна кога се во депресија. Антидеперсивите влијаат на функцијата на хипоталамусот, дел од мозокот кој го контролира апетитот. На хипоталмусот исто така влијаат и антихистамини, лекови против алергиски реакции.
Вести од економија
Интересно е тоа што кога ќе слушнеме вести за лошата економска состојба, добиваме поголема желба за храна. Кога ќе слушнеме за тоа како се тешки времињата, во нас се буди инстинкт за перживување.
Чувство на вина
Би изеле уште едно парче торта? Тогаш барем уживајте во него. Бидејќи научниците откриле дека, кога имаме чувство на вина поради некое пријатно искуство, самото чувство станува пријатно, така да почнуваме да се вртиме во магичен круг.
Мобилни телефони.
Сината светлина која ја емитуваат овие апарати може да биде причина за зголемен апетит. Изложеноста на ова светло го зголемува нивото на глад на неколку часа, дури иако штотуку сте јаделе. Едно од можните објаснувања е дека синото светло ноќе го збунува нашиот биолошки часовник. Во нормални услови чувствуваме глад кога сме согореле се што сме внеле и кога нивото на шеќер и инсулин почнуваат да паѓаат. Грелин, хормонот поврз



