Човечкото тело има неколку механизми за природно будење, па така два часа пред да се разбидите полека се покачува температурата на мозокот. Но, еве што се случува во телото, кога наместо да станете, го стискате копчето за одложување на будењето.Колку и да ви е слатко откако ќе се заѕвони алармот да поспиете уште десетина минути, тоа може да ви го уништи целиот ден, тврди доктор Мери Карскадон, професор по психијатрија и човечко однесување на Универзитетот Браун.
Човечкото тело има неколку механизми за природно будење, па така два часа пред да се разбидите полека се покачува температурата на мозокот за полесно да се активира, а вие да се чувствувате помалку поспани. Постепено расте и температурата на телото и сонот станува полесен бидејќи мозокот ги лачи хормоните кортизол и допамин кои даваат енергија за нов почеток на денот.
Но, доколку не сте се напале доволно будилникот ќе заѕвони во моментот кога температурата на вашето тело се наоѓа се уште на ниво неопходно за длабок сон. Затоа ви студи кога ќе се откриете и креветот ве привлекува бидејќи само под покривката се чувствувате најдобро.
Доколку тогаш, наместо да сосема да го исклучите будилникот, го притискате копчето за одолжување на будењето и продолжите да спите, вашето тело и мозок се враќаат во состојба на успиеност. Следното ѕвонење на будилникот потполно ќе ги збуни и вие уште долго ќе се чувствувате зашеметени и збунети.
Досегашните истражувања покажале дека исперкинатиот сон води до тоа цел ден да се чувствувате уморни и без желба за работа, и сите дневни активности лошо ги извршувате. Многу е подобро, наместо честото притискање на копчето за одлагање на будењето, будилникот едноставно наместете го да ѕвони 20 минути покасно. Колку и да ви е слатко откако ќе се заѕвони алармот да поспиете уште десетина минути, тоа може да ви го уништи целиот ден, тврди доктор Мери Карска



